Дали Whiplash и Black Swan се еден ист филм?

Дали Whiplash и Black Swan се еден ист филм?

Воопшто не може да се оспори очигледниот факт за сличноста измеѓу Whiplash на Демјан Шазел и Black Swan на Ароновски. И двата филма во својата срж имаат млади и талентирани, но наивни протагонисти со огромни амбиции, Ендру Њуман на Мајлс Телер од една и Нина Сајерс на Натали Портман од друга страна. Двете приказни извираат и се развиваат по барањата и предизвиците кои им ги поставуваат нивните презахтевни инструктори, Џ.К. Симонс и Винсент Касел, чии можеби преголеми барања на крај ултимативно и во двете инстаци доведуваат да желбата и амбицијата за постигнување на однапред поставената артистичка цел го одведат протагонистот во длабочините на сопствената креативност.

И како што Фернандо Андрес посочува во неговиот одличен видео есеј на неколку силни паралели на сличности во филмовите, двата се фокусираат на специфични делови од телото низ кои се прикажува страданието како наративната срцевина и патот до успехот.

Во Whiplash дланките,

screen-shot-2015-03-12-at-8-09-49-pm

а во Black Swan стапалата.

Black.Swan.2010.720p.WEBSCR.XviD.AC3-TiMPE.avi_001029399

Ако нешто успева овој есеј да долови е тоа дека двата филма со навидум различна приказна всушно доловуваат една иста, приказна за бескрајната упорност и настојчивост која скриено стои зад секое протеже и секој артистички успех, односно дека талентот е само почеток и слепа улица без принесена жртва.

Погледнете:

Објавено од Мартин Чалакоски на 13 October 2015, 07:54