Деца! Супермен или Бетмен? Супермен прашува

Деца! Супермен или Бетмен? Супермен прашува

Хенри Кавил со нетрпение ја очекува премиерата на Batman v Superman: Dawn of Justice следниот месец, но до тогаш актерот кој ја толкува улогата на Супермен/Кларк Кент најде нова и брутално искрена публика. Децата.

henry

Британскиот актер, кој во Dawn of Justice ќе го дели филмското платно со Брус Вејн/Бетмен (игран од Бен Афлек), за потребите на промо видеото (кое е за добротворни цели) седна со група на деца и им постави прашања поврзани со самите супер-херои.

Кои се подобри? Дали тоа е Бетмен или Супермен? Кој има подобри моќи? И кој би победил во борба? Одговорите беа урнебесни и искрени…

Batman-vs-Superman-Dawn-of-Justice-To-Set-Up-6-Film-Justice-League-Story

Премиерата на Batman v Superman: Dawn of Justice е закажана за 25-ти март, а ова е Хенри со дечињата.

Објавено од admin .f24 на 24 February 2016, 08:17