Џеки Кенеди на филм

Џеки Кенеди на филм

Натали Портман е фаворит за освојување на Оскарот во категоријата најдобра главна женска улога, за нејзиниот перформанс во Jackie, биографскиот филм во режија на Пабло Лераин. Актерката е последната во низа на актерки кои ја глумеа поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди.

jackie2

Најголемиот дел од биографските филмови се фокусирани на периодот околу атентатот на нејзиниот сопруг, претседателот на САД Џон Кенеди, но дел од нив беа фокусирани и на животот на Џеки пред нејзиниот брак и влегувањето во Белата куќа. 22 години по смртта на Џеки, Холивуд е уште фасциниран од нејзината персона, стил, интелигенција и убавина, а следната година повторно ќе имаме можност да ја видиме и Кејти Холмс во истата улога.

jackie3

Таа ќе ја толкува Џеки во мини серијата The Kennedy’s After Camelot. Но, кои беа актерките кои станаа Џеки Кенеди на филмското платно до сега?

Џеклин Смит во Jaqueline Bouvier Kennedy (1981)

Рода Грифис во Love Field (1992)

Џоан Вејли во Jackie Bouvier Kennedy Onassis (2000)

Каприс Бенедети во Timequest (2000)

Стефани Романов во Thirteen Days (2000)

Џил Хенеси во Jackie, Ethel, Joan: The Women of Camelot (2001)

Џени Триплехорн во Grey Gardens (2009)

Минка Кели во Lee Daniels’ The Butler (2013)

Џинифер Гудвин во Killing Kennedy (2013)

Бонус: Кејти Холмс во The Kennedy’s (2011)

Објавено од admin на 2 December 2016, 09:58