Две одлични продолженија на култни филмови пристигаат во Cineplexx

Две одлични продолженија на култни филмови пристигаат во Cineplexx

ТРЕЈНСПОТИНГ 2

Прво, имаше можност … потоа имаше предавство. Поминати се дваесет години. Има многу промени, но исто така многу нешта се останати исти. Марк Рентон (Јуан Мекгрегор) се враќа на единственото место кое што може да го нарече дома. Тие го чекаат: Спад (Јан Бремер), Сик Бој (Џони Ли Милер), и Беџби (Роберт Карлајл). И други стари пријатели го чекаат исто така: тага, загуба, радост, одмазда, омраза, пријателство, љубов, чезнеење, страв, жалење, диаморфин, самоуништување и смртна опасност, сите наредени за пречек, подготвени да се приклучат на танцот.

ЏОН ВИК 2

Во продолжението Џон Вик потпишува со крв дека ќе помогне на свој пријател со цел тој да ја превземе контролата над група меѓународни убијци. Патот до Рим ќе биде воедно и соочување со едни од најопасните убијци на целиот свет.

Покрај новите лица, во вториот дел повторно се појавуваат Иан Мекшејн, Џон Легузијамо, Бриџит Мојнахан, Томас Садоски и Ленс Редик.

Објавено од admin на 22 February 2017, 13:31