Егзодус: Богови и кралеви 3Д од денеска во Cineplexx

Егзодус: Богови и кралеви 3Д од денеска во Cineplexx

Долгоочекуваниот филмски спектакл на Ридли Скот Егзодус: Богови и кралеви 3Д денеска започнува со прикажување во Cineplexx. Користејќи врвни визуелни и 3Д ефекти, Скот внесува нов живот во приказната за непокорниот водач Мојсеј (Кристијан Бејл) кој го предводи бунтот против египетскиот фараон Рамзес (Џоел Еџертон) и предводи 400.000 робови во бегство од Египет.

Скот забележува: “Животот на Мојсеј е една од најголемите авантури и духовни потраги на сите времиња.” Од воведната битка во која војниците ја напаѓаат Хетитската војска, до огромните кули, застражувачките епидемии и раздвојувањето на црвеното море, Скот и дава личен печат на една најценетите и најбажни библиски приказни.

Филмот “Мечето Падингтон” е комична авантура на младото перуанско мече кое патува во Лондон во потрага по дом. Изгубен и осамен на железничката станица, Падингтон се плаши дека градскиот живот не е ист како што тој го замислил – додека не го запознае смејството Браун. Тие ќе ја прочитаат рачно испишаната порака која виси од неговиот врат („Ве молиме, внимавајте на ова мече. Благодарам.“), ќе му понудат чај, име и кров над глава. Се чини дека среќата му се насмевнала, се додека не се соочи со препараторката на музејски животни.

Филмот се темели на меѓународно наградуваната серија на книги чиј автор е британецот Мајкл Бонд. Мечето Падингтон за прв пат е претставен во детската книга која Мајкл Бонд ја објавил во 1958 година. Книгата “Мечето наречено Падингтон” прерасна во познатиот серијал “Мечето Падингтон” кој е продаван во повеќе од 35 милиони копии, преведен на 40 јазици. Мечето од Перу е пристојно и добронамерно, но често запаѓа во неволји, а во исто време успева да ги стопли срцата ширум светот.

Објавено од admin на 18 December 2014, 08:11