Ејми Адамс: актерката со кариера за која во Холивуд „би убиле“

Ејми Адамс: актерката со кариера за која во Холивуд „би убиле“

Ејјми Адамс ја има една од најдобрите кариери во Холивуд и тој константен квалитет трае речиси 17 години. Тоа секако се должи на фактот дека станува збор за една од најквалитетните актерки на нејзината генерација, но и фактот дека очигледно има екстра квалитетен агент.

amy

Но, склопот на тие две нешта и донесе не само номинации за 5 Оскари, статус на холивудска ѕвезда, разновидни актерски улоги, но и соработката со режисерите од калибарот на Пол Томас Андерсон, Нора Ефрон, Спајк Џонз, Дејвид О. Расел, Стивен Спилберг, Мајк Николс, Тим Бартон, а оваа година и со одличниот Денис Виленјув.

amy2

Ејми филмската кариера ја започна во 1999-та година со споредна, но значајна улога во темната комедија Drop Dead Gorgeous. По култната комедија следеа низа споредни улоги, но вистинскиот пробив го доживеа со драмата Junebug, за која ја заработи првата номинација за Оскар.

amy3

Набрзо понудите од режисерите почнаа да пристигнуваат и следеа хитовите Enchanted, Charlie Wilson’s War, но и независните филмови како Sunshine Cleaning и Miss Pettigrew Lives for a Day.

amy4

Во два наврати таа имаше можност да соработува и со легендата Мерил Стрип, а на вториот заеднички проект Doubt заработи нова номинација за Оскар.

Од 2013-та година таа е дел од DC Comics универзумот, а оваа година ја репризираше и улогата на Лоис Лејн во блокбастерот Batman v Superman: Dawn of Justice. Оваа година ќе ја видиме и во СФ трилерот на Денис Виленјув, Arrival, во кој партнер ќе и биде колегата од American Hustle, Џереми Ренер, а веќе таа (како и филмот) добија одлични критики и Оскаровски фаворитски статус.

amy6

amy8

Но, кои се најдобрите дела во кариерата на Ејми Адамс?

Drop Dead Gorgeous (1999)

Catch Me If You Can (2002)

Junebug (2005)

Enchanted (2007)

Charlie Wilson’s War (2007)

Sunshine Cleaning (2008)

Miss Pettigrew Lives for a Day (2008)

Doubt (2008)

Julie & Julia (2009)

The Fighter (2010)

On the Road (2012)

The Master (2012)

Man of Steel (2013)

Her (2013)

American Hustle (2013)

Big Eyes (2014)

Arrival (2016)

Објавено од admin на 26 October 2016, 09:35