Фантастична заработка на Beauty and the Beast

Фантастична заработка на Beauty and the Beast

Live action адаптацијата на класиката од 1991-ва година, Beauty and the Beast, успеа да заработи фантастични 170 милиони долари по првиот викенд на прикажување во кино салите ширум С. Америка.

beauty3

Тоа е најголемата заработка за еден филм во првиот викенд на прикажување за оваа година, а споредено со минатата година – Captain America: Civil War заработи одлични 179 милиони долари по само 1 викенд прикажување.

logan5

Минатонеделниот шампион на бокс офисот Kong: Skull Island падна на втората позиција со додатни 28 милиони долари заработка, а Logan изминатиот викенд мораше да се задволи само со 3-та позиција и заработка од 17 милиони долари.

1. Beauty and the Beast – $170,000,000
2. Kong: Skull Island – $28,850,000
3. Logan – $17,500,000
4. Get Out – $13,249,475
5. The Shack – $6,130,000

Објавено од admin на 20 March 2017, 09:52