„Фото финиш“ за Rogue One и Hidden Figures на бокс офисот

„Фото финиш“ за Rogue One и Hidden Figures на бокс офисот

Rogue One, анталогискиот филм од Star Wars франшизата, успеа повторно да остане на врвот од бокс офисот, четврта недела по ред, но за многу мала разлика од второ пласираниот филм на бокс офисот во С. Америка.

Hidden Figures

Филмот на режисерот Гарет Едвардс заработи дополнителни 21.9 милиони долари изминатиот викенд во С. Америка, а на глобално ниво, заработката на филмот изнесува 914 милиони. Изминатиот викенд на втората позиција се „фиксира“ новитетот Hidden Figures, кој е инспириран од вистински настани. Hidden Figures заработи  21,8 милиони долари, додека пак анимираниот мјузикл Sing падна на 3-та позиција со заработка од 19,5 милиони долари.

1. Rogue One $21,972,000
2. Hidden Figures $21,800,000
3. Sing $19,573,670
4. Underworld: Blood Wars $13,100,000
5. La La Land $10,000,000
6. Passengers $8,800,000
7. Why Him? $6,500,000
8. Moana $6,413,000
9. Fences $4,700,000
10. Assassin’s Creed $3,800,000

Објавено од admin на 9 January 2017, 08:36