Генијалноста на Хичкок во новиот документарец Hitchcock/Truffaut

Генијалноста на Хичкок во новиот документарец Hitchcock/Truffaut

Новиот документарен филм Hitchcock/Truffaut режиран од Кент Џонс се фокусира на неделната средба на Алфред Хичкок со тогашниот млад и амбициозен режисер и негов најголем обожавател Франсоа Труфо кој подоцна ќе постане вистинска филмска икона, препознатлива по својата иновативна техника и стил.

Истоимената книга од 1966-та година на Франсоа Труфо, по која е снимен овој нов документарец, открива дотогаш нечуени тајни за Хичкоковиот стил и начин на работа нудејки при тоа и негов критичен осврт за сопствените дела, подоцна постана неопходна лектира за секој млад режисер и филмски ентузијаст.

Новиот докуметарен филм сега пак е во обид со помош на мислењата на големите модерни филмски великани како Мартин Скорсезе, Ричард Линклатер, Вес Андерсон, Питер Богданович, Кијоши Куросава и многу други да објасни како книгата на Труфо успеала да фрли ново светло врз Хичкок успевајки да па промени јавната перцепција за него и неговите дела и се чини е во обид да даде одговор на загатката зашто и после толку изминати декади неговото наследство е сеуште инспирација и патоказ за многу па дури и за овие веќе изградени и успешни филмски артисти.

Премиерата е закажана за 2-ри декември.

Објавено од Мартин Чалакоски на 30 September 2015, 17:20