Guardians of the Galaxy Vol. 2 пак е доминантен на врвот

Guardians of the Galaxy Vol. 2 пак е доминантен на врвот

Guardians of the Galaxy Vol. 2 успеа втора недела по ред да остане на врвот на бокс офисот во САД. Изминатиот викенд, продолжението на хит филмот на Marvel заработи додатни 63 милиони долари само во кино салите во С. Америка.

snatched-in

Најновиот проект на режисерот Гај Ричи беше бокс офис разочарување по премиерата изминатата недела, и заработи само 14 милиони долари, доволни за 3-та позиција на бокс офисот.

Комедијата со Ејми Шумер и Оскаровката Голди Хоун се пласираше на 2-та позиција зад Guardians of the Galaxy Vol. 2 откако заработи 17 милиони долари по премиерата.

1. Guardians of the Galaxy Vol. 2 $63,007,000
2. Snatched $17,500,000
3. King Arthur: Legend of the Sword $14,700,000
4. The Fate of the Furious $5,301,160
5. The Boss Baby $4,600,000

Објавено од admin на 15 May 2017, 09:30