Хотел Трансилванија повторно ги отвора своите врати

Хотел Трансилванија повторно ги отвора своите врати

Од четврток вампирите и останатите чудовишта повторно ќе завладеат со домашните и светските кина, кога ќе ни пристигне продолжението на омилената вампирска дружина во анимираниот хит „Хотел Трансилванија 2“. Дракула, Мавис, Џонатан, Франкештајн, Мумијата, Невидливиот човек и останатите ќе ги отворат вратите на познатиот хотел за уште една урнебесна авантура. Тие ќе не запознаат и со неколку нови ликови, а еден од нив е и малиот син на Мавис и Џонатан, Денис.

За Хотелот Трансилванија се чини дека работите тргнале на подобро…

Хотелот на Дракула кој од самиот почеток прифаќаше исклучиво само гости чудовишта, сега е отворен и за луѓето. Но, она што овие денови го загрижува нашиот омилен Дракула е неговата сериозна загриженост дека неговиот пресладок внук (кој е полу човек, полу вампир) не покажува знаци на вистински вампир. Додека Мавис и Џонатан се во Калифорнија каде ги очекува вистински културен шок, Дракула моли за помош од пријателите Франк, Муреј, Вејн и Грифин како би му помогнале да поминат низ „вампирски тренинг“ со својот внук. Меѓутоа никој од нив не е свесен за последиците кога таткото на Дракула кој е стар и многу, многу, многу старомоден доаѓа во посета на хотелот. Кога Влад ќе дознае дека неговиот правнук е чистокрвен човек – и дека сега во хотелот дури им е дозволен престој на луѓето – работите ќе станат многу…вампироидни!

Првото продолжение на анимираниот филм „Хотел Трансилванија“ од 2012 година ги освои светските киноблагајни, заработувајќи преку 350 милиони долари.

Оваа недела кинопрограмата ќе ја зачиниме и со одличните кулинарски вештини на Бредли Купер во филмот „Пеколна кујна“. Адам Џонс (Бредли Купер) е готвач кој си ја уништува кариерата поради дрога и лошо однесување. Тој се откажува и прочистува од дрогата и се враќа во Лондон, со што е решен да отвори добро распространет ресторан кој ќе освои три Мишелин ѕвезди. Џон се грижел само за создавање возбудливи експлозии на вкусови за кои му е потребен најдобриот персонал, вклучувајќи ја и убавата Хелен.

Објавено од admin на 22 October 2015, 09:05