Интервју на Даниел Крег за Skyfall (втор дел)

Интервју на Даниел Крег за Skyfall (втор дел)

Продолжуваме со вториот дел од интервјуто на Даниел Крег за претстојниот Skyfall:

Колку сте вклучени во начинот на кој Бонд се однесува и развива? Дали бевте инволвирани во процесот на креирање на приказната?

Во овој проект сум вклучен веќе четири години. Значи на некој начин, вклучен сум во секој чекор од продукцијата. Најпрвин чекаме сценаристите да напишат нешто, потоа сите седнуваме и дискутираме за напишаното. И тоа е процес кој дава резултати.

Сега вашиот карактер е покомплициран и повеќе измачуван. Дали се обидувавте да бидете слични со оној Џејмс Бонд кој го толкуваше Конери?

Не. Настојувам да бидам Џејмс Бонд од книгите на Иан Флеминг. Мислам, Флеминг бил во дилема за него – два или три пати се обидел да го убие во книгите. Бонд е таен агент и добива многу тепање и се наоѓа во многу тешки и непријатни ситуации. Од друга страна, тоа е и неговата работа. Начинот на кој се справува со сите овие работи, начинот на кој се спротиставува на неговите непријатели – тоа е она интересното.

Има многу референци во филмот дека Џејмс Бонд е стар. Вие имате 44 години. Кога планирате да завршите со оваа улога?

Јас имам договор за снимање на уште два филма. Мислам дека тоа е фер број. Меѓутоа, нема да давам никакви прогнози, бидејќи публиката најпрвин треба да го изгледа овој филм. Додека не го направат тоа, не можеме да направиме нов филм. Знам кога е доволно, така да, во некој момент во иднината, ќе ја одстапам улогата на некој друг.

Се сеќавате ли на некакви несогласувања со Сем Мендес или некој друг околу тоа кој е Бонд?

Не. Добрите работи за овие филмови се тоа што имате одредени правила кои треба да ги почитувате. Постојат емотивни делови во филмот кои се доста тешки. Меѓутоа, тој е Бонд и тој никогаш не се крши.

Може да ни кажете кои се тие правила?

Бонд е војник. Тој се обидува да ги сокрие своите емоции и да ја контролира секоја ситуација.

Помеѓу тебе и Хавиер има одлична хемија. Дали поминувавте многу време заедно на сетот?

Немаше време. Би сакал да имам социјален живот кога ги снимам овие филмови, меѓутоа, едноставно нема време. Сега кога го промовираме филмот имаме повеќе време за дружење. Хавиер е одличен актер со успешна кариера.

Skyfall минатиот викенд ја имаше својата премиера во Велика Британија, додека на 9-ти октомври ќе се појави во САД. Премиерата на филмот во Македонија е на 22-ноември во новото кино Cineplexx.

 

Објавено од admin на 29 October 2012, 10:48