„Ќерката“ на Принцезата Леа

„Ќерката“ на Принцезата Леа

Запознајте ја Били Кетрин Лоурд. Трета генерација на „сина крв“ во Холивуд и втора во Star Wars франшизата.

Carre_Fisher

Били е всушност единствената ќерка на Кери Фишер, актерката попозната по улогата на принцезата Леа во култната Star Wars франшиза и агентот Брајан Лоурд. Кери и Брајан официјално никогаш не биле во брак, а ја прекинале врската кога актерката дознала дека Брајан е бисексуалец. Тој е сега во врска со маж.

carrie3

Со баба и Деби Рејнолдс и мајка и Кери Фишер

Били која е родена во 1992-ра година е всушност родена во семејство на неизмерни таленти кои се со генерации во шоубизнисот. Нејзината баба Деби Рејнолдс е легенда во овој град и позната по култните филмови како Singing In The Rain, The Unsinkable Molly Brown, но и по серијата Will And Grace, а дедо и е Еди Фишер.

billie3

bile3

Во серијата Scream Queens

Легендарен пејач и актер од 50-те и 60-те години. Речиси сите нејзини тетки, вујковци и други роднини исто така се инволвирани во филмската индустрија, а самата Били кариерата во овој бизнис ја започна минатата година.

Таа лани дипломираше на Њујорк Универзитетот, а оваа година не само што доби улога во серијата Scream Queens, туку ќе биде и дел од The Force Awakens покрај нејзината славна мајка. И покрај првичните најави дека ќе ја глуми младата верзија на ликот на Леа, таа ги демантираше гласините и објасни дека улогата на Били ќе биде мала, но не и директно поврзана со Леа.

billie_star

Во Star Wars: The Force Awakens

Carrie-Fisher2

Таа неодамна се појави во емисијата на Џими Фалон во која дискутираше како е да се биде „ќерката на принцезата Леа“… А како е навистина?

Погледнете.

Објавено од admin .f24 на 4 December 2015, 09:23