Кенедиеви пак на филм: Џејсон ќе биде Тед Кенеди?

Кенедиеви пак на филм: Џејсон ќе биде Тед Кенеди?

Џејсон Кларк оваа година го очекуваат премиерите на два филмски проекти. HHhH и All I See Is You, но австралискиот актер е во финални преговори да го портретира екс сенаторот Тед Кенеди во биографскиот филм Chappaquiddick.

Режисерот Џон Кјуран е исто така во преговори да биде дел од филмот, но зад камерата, а Chappaquiddick ќе ја прикаже озогласената сообраќајна несреќа која во 1969-та година ја предизвика Тед Кенеди, а во која загина патничката Мери Џо Копечни.

jason

Сепак, ако нешто поврзано со филмот е готово, тоа е сценариото кое е напишано уште минатата годна од страна на Тејлор Ален и Ендру Логан, а дејствието на самиот филм ќе простира низ период од 7 дена, поврзани со самата сообраќајна несреќа.

Продукцијата на Chappaquiddick треба да започне ова лето.

Објавено од admin .f24 на 27 April 2016, 07:49