Кино проекција во Cineplexx за големи насмевки

Кино проекција во Cineplexx за големи насмевки

Напорната работа за некого е товар, за некого е секојдневние во борбата за опстанок, а за штитениците на Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари е доказ дека со труд и напор се стигнува до убави нешта.

pixel.mk-kino-proekcija-vo-cineplexx-za-golemi-nasmevki-27539

Дека некој се грижи и сака да ги тргне децата од улица и да им овозоможи подобро утре преку внесување во воспитно-образовниот систем и нивно задржување таму, здравствено лекување, градење на хигиенски навики, социјализација, па се до спортски и културолошки активности, доказ е постоењето и заложбата на установa која постои од 2006 година, Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари.

Луѓето од организацијата напорно работат во текот на годината да им помогнат на дечињата да израснат во одговорни, самостојни личности и да им помогнат со проблемите кои најчесто се соочуваат како недостаток од родителска грижа, дисфункционалност, непочитување на нивните права, и нивна злоупотреба (најчесто финансиска).

Дневниот центар има постојани секојдневни обиди за подобрување на нивната лична состојба, права и нивната положба во општеството, а секогаш се труди и да ги мотивира и награди доколку покажат дека сакаат да стегнат заби и да постигнат подобри успеси.

Со оглед на нивната овогодишна заложба, постигнатите резултати кои беа и над очекувањата и фактот дека речиси ниедно дете нема посетено кино сала досега, Центарот, во соработка со Cineplexx, реши да ги награди 40-те најуспешни дечиња со бесплатна кино проекција и многу забава.

Се надеваме дека и други организации ќе го следат примерот на Cineplexx и на дистрибутерската куќа МЦФ МКД на општествена одговорност и ќе помогнат овие дечиња да имаат можност да искусат и други придобивки кои обично би немале можност.

Еве како прекрасните и мили дечиња си поминаа на нивното прво кино дружење.

Превземено од Pixel.mk

Објавено од Мартин Чалакоски на 17 June 2015, 16:01