Кога Премиерот беше „актер“

Кога Премиерот беше „актер“

Мандатот на ново избраниот премиер на Канада, Џастин Трудо трае малку повеќе од еден месец.

justin-trudeau4

Син на екс премиерот на Канада, Пјер Трудо, 44 годишниот Џастин е во политиката од 2008-ма година. Во 2013-та година тој ја доби довербата од неговите сопартијци кои го избраа за лидер на Либералната партија во Канада, а на парламентарните избори неговата партија не само што освои 148 пратенички места, туку тој беше назначен и за Премиер на државата.

justin-trudeau-boxing

Пред да ја започне кариерата во политиката, Џастин беше професор, аматер боксер и лобист во повеќе прашања и борец за човекови права.

Тој дури и учествуваше и во добротворна акција за собирање на средства во која изведе и стриптиз пред возбудена публика. А меѓу нештата кои Џастин ги испроба пред да стане политичар беше и глумата.

Justin_Trudeau2

Justin_Trudeau

Тој беше дел од ТВ филмот The Great War – биографска драма за учеството на Канада во Првата светска војна, а самиот Џастин го глумеше Талбо Папино, адвокат и војник кој го загубил животот борејќи се во битката кај Пашиндел во 1917-та година.

Како изгледаше перформансот на Трудо во The Great War?

Објавено од admin .f24 на 17 December 2015, 08:30