Кои премиери ќе ги гледаме во Cineplexx во ноември

Кои премиери ќе ги гледаме во Cineplexx во ноември

Подолу е листа на 8 филмови кои премиерно ќе бидат прикажани во киното Cineplexx овој месец. Наслови од кои се очекува да го одбележат месец ноември, како на финансиски, така и на критички план:

1. SPECTRE (СПЕКТРА)
Датум на премиера: 05-ти ноември
Режија: Сем Мендес
Главни улоги: Даниел Крег, Моника Белучи, Ралф Фајнс
Синопсис: Криптирана порака од минатото го испраќа Бонд на пат за да ја открие злобната организација. Додека М води битки со политичките сили за да ја зачува тајната служба жива, Бонд ги лупи слоевите на измама за да се открие вистината зад СПЕКТРА.

2. Three Days in September (Три дена во септември)
Датум на премиера: 12-ти ноември
Режија: Даријан Пејовски
Главни улоги: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага
Синопсис: Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај.

3. Pawn Sacrifice (Жртвување на пионот)
Датум на премиера: 19-ти ноември
Режија: Едвард Звик
Главни улоги: Тоби Мегваер, Лив Шрајбер, Мајкл Стулбарг
Синопсис: Светското првенство во шах, одржано во Рејкјавик 1972 година, на кое учествувале и Американецот Боби Фишер и Русинот, бранител на титулата, Борис Спаски, прерасна во бојно поле на Студената војна.

4. The Hunger Games – Mockingjay: Part 2 (Игрите на Гладните Мокингџеј – втор дел)
Датум на премиера: 19-ти ноември
Режија: Френсис Лоренс
Главни улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лиам Хемсворт
Синопсис: Катнис Евердин заедно со нејзините најблиски пријатели Пита, Гејл и Финик го напуштаат Дистриктот 13 и се вклучуваат во револуција против Капиталот за да ги ослободат граѓаните од разурнатиот Панем и претседателот Сноу, кој е опседнат со уништувањето на Катнис. Тие ќе се соочат со смртни стапици, опасни непријатели и морални одлуки од кои ќе зависи иднината на милиони луѓе.

5. Panama (Панама)
Датум на премиера: 19-ти ноември
Режија: Павле Вучковиќ
Главни улоги: Славен Дошло, Јована Стоиљковиќ, Тамара Драгичевиќ
Синопсис: Јован меѓу останатите девојки се гледа и со Маја, која му делува наивно и неискусно. Постепено, нејзиното амбивалентно однесување почнува да го интригира. Следејќи ги видео-снимките и „трагите“ на интернет го открива паралелниот живот на Маја и се вплеткува во сопствената игра на лаги и љубомора. Јован се губи себе си, очајнички обидувајќи се да открие која е Маја навистина.

6. The Good Dinosaur (Добриот Диносаурус)
Датум на премиера: 26-ти ноември
Режија: Питер Сон
Гласови: Нил Патрик Харис, Франсес Мекдорманд, Лукас Неф
Синопсис: Во едно епско патување во светот на диносаурусите, еден Апатосаурус по име Арло стекнува човечки пријател.

7. Bridge of Spies (Мостот на Шпионите)
Датум на премиера: 26-ти ноември
Режија: Стивен Спилберг
Гласови: Том Хенкс, Ејми Рајан, Остин Стовел
Синопсис: Еден американски адвокат за време на Студената војна ќе биде регрутиран од страна на ЦИА за да помогне во спасувањето на пилотот кој е заробен од Советскиот сојуз.

8. Love 3D (Сакам 3Д)
Датум на премиера: 26-ти ноември
Режија: Гаспар Ноа
Гласови: Карл Глусман, Аоми Миук, Клара Кристин
Синопсис: Сексуална мелодрама за едно момче и девојка и уште една девојка. Тоа е љубовна приказна, која го слави сексот на весел начин. Љубовта ја надминува борбата меѓу доброто и злото. Љубовта е генетска потреба. Љубовта е изменета состојба на свеста. Љубовта е тешка дрога. Љубовта е ментална болест. Љубовта е игра на моќ. Љубовта се надминува самата себе. Љубовта е заслепувачка светлина. Љубовта е спермата, течност и солзи …

Објавено од admin на 9 November 2015, 08:03