Кој е нај „пиратскиот“ филм за 2016-та?

Кој е нај „пиратскиот“ филм за 2016-та?

Минатата година беше полна со одлични филмски остварувања, оскаровски филмови, блокбастери и не толку добри филмови кои за жал ја разочараа публиката. Тие привлекоа публика во кино салите, но што е со филмовите кои беа гледани преку симнување од „пиратските сајтови“?

batman-v-superman-dawn-of-justice-05-600x450

Па, според анализите кои беа направени минатата година, најсимнуван „пиратски“ филм е Deadpool, а меѓу првите 5 покрај него има уште 4 филмови кои се стрип адаптации. На последната 10-та позиција се најде Оскаровскиот The Revenant. Филмот на Алехандро Гонзалес Ињариту му го донесе првиот Оскар на Леонардо ди Каприо и тој се најде на последната позиција на листата на најсимнувани „пиратски“ филмови.

Ова е целосната листа:

1. Deadpool

2. Batman v Superman: Dawn of Justice
3. Captain America: Civil War
4. Star Wars: The Force Awakens
5. X-Men: Apocalypse
6. Warcraft
7. Independence Day: Resurgence
8. Suicide Squad
9. Finding Dory
10. The Revenant

Објавено од admin на 3 January 2017, 10:42