Кој е всушност Ријан?

Кој е всушност Ријан?

По претставувањето на Џеј Џеј Абрамс, режисерот на The Force Awakens, продолжуваме со најавување и претставување на режисерите на останатите 2 филма од најновата трилогија во Star Wars сагата.

Продолжуваме со брилијантниот и екстремно талентиран Ријан Џонсон. Режисерот не само што ќе застане зад камерата на Episode 8 туку и ќе се погрижи (соло) за сценариото на истиот филм, а ќе биде и сценарист на Episode 9, филмот од Star Wars франшизата кој ќе го режира колегата Колин Тревероу. Ријан и покрај тоа што е роден во Мериленд, тој заедно со неговиот брат Арон се всушност израснати и образовани во Калифорнија. Самопрогласен „geek“, Ријан сними преку 90 кратки филма уште пред да дипломира од USC’s School of Cinema-Television во 1996-та година, но му беше потребно време да го создаде својот првенец.

rian

На сетот на Looper заедно со Џозеф Гордон Левит

Сепак, неговото најпознато дело од ерата на кратките филмови е Evil Demon Golfball from Hell!!! Краткиот филм од 1996-та година кој пак беше инспириран од “The Tell-Tale Heart” кратката приказна на Едгар Алан По.

Своето деби во светот на играните долгометражни филмови Ријан го направи во 2005-та година со одличниот Brick. Филмот не само што го стави на „мапата“ на режисери на кои треба да се внимава, туку со него ја започна и соработката со актерот Џозеф Гордон Левит. Brick беше критички успех, а самиот Ријан го сними за буџет од неверојатни 475,000 долари.

rian3

По само 3 години Ријан ни го претстави The Brothers Bloom, „caper“ комедијата со Марк Рафало, Адријан Броди и Рејчел Вејз која беше финансиски неуспех за режисерот и поради која му беше потребно долго време да се „врати“ во игра. Но кога тоа го направи во 2012-та година, Ријан ни го претстави ремек-делото Looper повторно со Левит во главната улога. Филмот не само што доби одлични критики, туку и заработи над 170 милиони долари на бокс офисот.

rian5

Ријан на сетот на Ozymandias епизодата

Сцена од Ozymandias епизодата

Ријан беше успешен и на „малите екрани“. Режираше 3 епизоди од култната серија Breaking Bad, вклучувајќи ја и маестралната Ozymandias епизодата, коај е најдобро рангирана епизода на IMDB со 9.9 просек на позитивни критики од фановите и до ден денес се смета за вистинско ремек дело на кое речиси и да му нема рамно.

rian54

А што ќе донесе Ријан во Star Wars? Па одговорот на тоа прашање го даде Оскаровецот Бенисио Дел Торо, кој веќе беше одбран да биде дел од Episode 8.

-Мислам дека ќе донесе кул СФ реализам. Го обожавам неговиот последен филм Looper, но и сите останати негови филмови. Мислам дека тој е еден од тие луѓе кои франшизата ги најми да и стават инфузија, објасни Бенисио за Ријан.

Ова е кратко претставување на неговите најпознати дела. Уживајте.

Објавено од admin .f24 на 4 December 2015, 10:43