Колку луѓе „уби“ Тарантино?

Колку луѓе „уби“ Тарантино?

Ако ги тргнеме на страна филмските референци, дијалогот, наративната структура, оригиналноста, начинот на раскажување и моќта која ја поседуваат филмовите на Тарантино да воскреснат веќе длабоко закопана актерска кариера, она по кое што тие се најпознати и озогласени е секако насилството, можеби и најпрепознатливиот бенчмарк на легендарниот режисер.

Кевин Б.Ли во своето најново монтажерско „парче“ за независниот стриминг сервис Fandor и по инвестирани три години потребни за да го искомпилира, ги собра и преброја сите умирања од филмското портфолио на Тарантино до сега, секако прецизно до степен колку што човечки се може. Бидејки, па и не се баш малку.

Нивнит број? Погледнете сами:

Објавено од Мартин Чалакоски на 22 December 2015, 09:14