Lynx и Cineplexx приредија Војна на Ѕвездите во City Mall

Lynx и Cineplexx приредија Војна на Ѕвездите во City Mall

Во галаксија и не толку далеку, туку токму тука, во City Mall во Скопје и на само неколку денови од најголемиот настан годинава, Lynx Animation Studios во соработка со Cineplexx со еден топол гест се решија на фановите да им приредат одлично изненадување и несекојдневна забава, загревајки ја притоа веќе пеколно жешката атмосфера пред полноќно прикажување на Star Wars: The Force Awakens.

12389208_10153820246344626_1928175353_o (1)-001

Момците од Lynx во комплетно автентични костуми и полни со ентузијазам, минатата недела без никаква претходна најава излетаа од просториите на Cineplexx и ги прошараа ходниците на City Mall со својот забавен дух, изнудувајки пријатни и топли насмевки насекаде околу нив.

Lynx Star Wars

Lynx Star Wars1

Lynx Star Wars3

2015-12-13-Star-Wars-cosplay-032

Lynx Star Wars2

2015-12-13-Star-Wars-cosplay-039

2015-12-13-Star-Wars-cosplay-074

Lynx Star Wars4

Тоа што започна како огромна желба и инспирација заврши со супер реализирана промоција на филмскиот спектакл во најава и најважно, со многу, многу исполнети детски срца.

Lynx Star Wars5

Downloads

66

Lynx кои живеејки го својот сон, веројатно исполнија многу туѓи, се анимациско студио кое се занимава со продукција на 2д цртани и видео игри и моментално работат на неколку проекти. Доколку сакате да се запознаете со нив и нивната работа слободно посетете ја нивната фејсбук страна

Вечерва, можеби Џеј Џеј ни го носи The Force Awakens, но Cineplexx заедно со момциве го оживеаа неговиот дух. Браво!

“Let the force be with them!”

Се гледаме на премира. Дојдете порано, не се знае може да налетате на некое пријатно изненадување.

2015-12-13-Star-Wars-cosplay-151

Од утре, па секој ден, секоја минута, секоја секунда наредниве неколку месеци во кино салите на Cineplexx, конечно Star Wars: The Force Awakens!

Пристигна… ахх колку само исполнителна мисла…

Објавено од Мартин Чалакоски на 16 December 2015, 11:26