Четири нови премиери во Cineplexx

Четири нови премиери во Cineplexx

Не е секојдневие дури четири добитници на престижната награда Оскар да се најдат во ист филм. Тоа се случува оваа година во комедијата „Рокерка“ која ни пристигнува во четврток. Станува збор за најновото филмско остварување на режисерот Џонатан Деми кој е снимен по сценарио на Диабло Коди, а главни улоги им припаѓаат на Мерил Стрип и Кевин Клајн.

Мерил Стрип ја толкува Рики – рокерка која одамна се одрекува од се како би го остварила својот сон за рокерска слава. Таа се враќа дома како би ги поправила своите односи со сопственото семејство. Кевин Клајн го глуми нејзиниот поранешен сопруг, а во останатите улоги се појавува и Мејми Гамер како нејзината ќерка (воедно и вистинска ќерка на Мерил), и Рик Спрингфилд како член на бендот Флеш, кој е бескрајно заљубен во Рики.

Иако до сега е номинирана дури 19 пати за наградата Оскар, поради нетипичната улога и фактот дека речиси во секој филм во кој ќе се појави одлично се носи со улогата, се очекува Мерил Стрип и за овој филм да се најде во тесниот круг на актери кои се претенденти за престижната филмска награда.

Следната генерација на Гризволдови повторно на одмор! Њулајн Синема во новиот филм „Летување – нова генерација“ со Ед Хелмс и Кристина Апелгејт во главните улоги, не води низ новата несреќна авантура на семејството. Филмот е под режисерската палка на Џонатан Голстејн и Џон Франциско Дејл. Следејќи ги стапките на својот татко и надевајќи се на посебно зближување со семејството, Расти Грисволд подготвува изненадување за својата жена Деби и нивните синови, водејќи ги на патување до омилениот семеен забавен парк Воли Врл. Што би можело да тргне на лошо?

Од режисерот на филмот „Цитадела“ и продуцентот на филмовите „Паранормална активност“ и „Астрална подмолност“ пристигнува хоророт на годината! „Злокобен 2“ е морничаво продолжение на култниот филм од 2012 г. По шокантните случувања од првиот дел, злиот дух Багул продолжува да бара жртви и тероризира семејства.

По шокантните случувања од првиот дел, Кортни (Шанин Сосамон) ги одведува деветгодишните близнаци Дилан и Зак Колинс (во вистинскиот живот Роберт и Дартаниан Слоан) на селскиот имот во Илиноис. Имотот е доволно изолиран и шансите да ги пронајде Клинт (Ли Коко), сопругот на Кротни, се минимални. Заштитнички настроената мајка на близнаците не е ни свесна дека се наоѓаат во рурална куќа во која од ден во ден ги следи злиот дух Багул…

Овој четврток ни пристигнува и анимираниот филм „Жапчето Рибит“. Едно фантастично патување понекогаш започнува со еден сосема мал “хоп”. Рибит е жаба со криза на идентитетот. За разлика од жабите, тој го мрази подрипнувашето и има силна аверзија кон водата. Чувствувајќи се неприлагоден, тој е полн со прашања за неговиот живот … и така заедно со неговиот најдобар пријател, летачката верверица, тој тргнува на интроспективно патување во потрага по вистината и на неговото вистинско место во овој свет. Меѓу воодушевувачките пејсажи на амазонските дождовни шуми, тие напредуваат во нивната потрага по одговорот на мистериите на животот … наидувајќи на духовити и шаренолики пријатели и непријатели по патот. Кога Рибит е случајно хипнотизиран настанува вистинска конфузија. Дали Рибит е човечки принц заробен во тело на жабата … или е тој само збунет, шарен, жител на џунглата?

Објавено од admin на 2 September 2015, 12:25