Најдобрите филмски постери за 2012

Најдобрите филмски постери за 2012

Подолу ви претставуваме листа на најдобрите филмски постери за годината која изминува:

10. The Man With the Iron Fists

Заработка: $17 милиони

Режисер: РЗА

Главни улоги: Расел Кроу, Луси Лу, РЗА и Џејми Ченг

Синопсис: Приказната е сместена во 19-тиот век, во феудална Кина, каде локалниот ковач, е доведен во позиција да се брани себе си и неговите соселани, од заканите на група бандити.

9. Casa De Mi Padre

Заработка: $8 милиони

Режисер: Мет Пидмонт

Главни улоги: Вил Фарел, Диего Луна, Гаел Гарсија Бернал и Џенезис Родригез

Синопсис: Со цел да го спасат ранчот на нивниот татко, браќата Алварес започнуваат војна со опасен лидер на Мексикански нарко картел.

8. Moonrise Kingdom

Заработка: $65 милиони

Режисер: Вес Андерсон

Главни улоги: Брус Вилис, Едвард Нортон, Бил Мареј и Франсес Мекдорманд

Синопсис: Пар на млади љубовници го напуштаат нивниот град во Нова Англија. Со цел да ги пронајдат, локалното население организира потрага.

7. Argo

Заработка: $160 милиони

Режисер: Вен Афлек

Главни улоги: Бен Афлек, Брајан Кранстон, Џон Гудман и Алан Аркин

Синопсис: Во време кога Иранската револуција доаѓа до точка на пресврт, специјалист на ЦИА спрема ризичен план за ослободување на шест американски државјани кои се засолнети во резиденцијата на канадскиот амбасадор.

6. Ted

Заработка: $501 милиони

Режисер: Сет Мекфарлан

Главни улоги: Марк Волберг, Мила Куниш. Џовани Рибиси и Мет Волш

Синопсис: Како резултат на желба во детство, Тед мечето на Џон Бенет оживува. Нивното пријателство ќе биде ставено на тест откако Лори, девојката на Џон, ќе побара тој да избере помеѓу неа и мечето.

5. The Amazing Spider-Man

Заработка: $752 милиони

Режисер: Марк Веб

Главни улоги: Ендру Гарфилд, Ема Стоун, Денис Лири и Мартин Шин

Синопсис: Питер Паркер пронаоѓа трага која може да му помогне да разбере зошто неговите родители исчезнале кога тој бил мал. Неговата потрага го води до Др. Курт Конорс, поранешен патнер на неговиот татко.

4. The Hobbit: An Unexpected Journey

Заработка: $222 милиони

Режисер: Питер Џексон

Главни улоги: Мартин Фримен, Лук Еванс, Иан МекКелен и Енди Серкис

Синопсис: Љубопитниот хобит, Билбо Багинс, патува до Осамената планина заедно со група џуџиња, со цел да го вратат богатството кое им е одземено од змејот Смауг.

3. Django Unchained

Заработка:

Режисер: Квентин Тарантино

Главни улоги: Џејми Фокс, Леонардо Ди Каприо, Кери Вашингтон и Кристоф Волтс

Синопсис: Др. Кинг Шултс, поранешен забар, а сега ловец на награди, ја купува слободата на робот Џанго, со намера да го обучи и да го направи свој заменик. Наместо тоа, тој е доведен до плантажата на која се наоѓа жената на Џанго, која е во рацете на немилосрдниот сопственик, Калвин Кенди.

2. The Dark Knight Rises

Заработка: $1.081.041 милиони

Режисер: Кристофер Нолан

Главни улоги: Кристијан Бејл, Том Харди, Ен Хетавеј и Мајкл Кејн

Синопсис: Осум години по настаните во The Dark Knight, новиот терористички лидер Бејн, доаѓа во Готам Сити и започнува да го тероризира градот. Бетмен мора да се врати за да му помогне на градот и неговите полициски сили од новата закана.

1. The Wolverine

Заработка:

Режисер: Џејмс Манголд

Главни улоги: Хју Џекмен, Хал Јамагучи, Вил Јун Ли и Тао Окамото

Синопсис: Новиот филм го носи Логан, вечниот воин и отпадник, во Јапонија. Таму, самурајскиот челик се соочува со адамантиумските канџи во епска битка, откако Логан ќе сретне мистериозна личност од неговото минато која ќе го промени засекогаш.

Објавено од admin на 17 December 2012, 09:18