Најдобрите вестерн филмови (по 2000-та)

Најдобрите вестерн филмови (по 2000-та)

Вестерните се филмови кои раскажуваат приказни сместени на Стариот Американски Запад, претежно во втората половина на 19-тиот век. За прв филм од овој жанр се смета The Great Train Robbery, кој е снимен во далечната 1903 година. Вестерните, поточно под-жанрот шпагети вестерн, се популаризира во 60-тите години на минатиот век, благодарение на режисерот Серџо Леоне и неговата Man With No Name трилогија: A Fistful of Dollars (1964), For a Few Dollars More (1965) и The Good, the Bad and the Ugly (1966). Почнувајќи од седумдесетите, па се до денеска, популарноста на овој жанр опаѓа. Деведесетите се декада во која се појавија неколку вестерни, кои вреди да се спомнат: Dances with Wolves, Unforgiven и Tombstone. Во периодот по 2000-та година се појавуваат по еден до два вестерни годишно (кои заслужуваат внимание). Подолу е листа на најдобрите вестерни, кои се појавиле во изминативе дванаесет години:

Open Range (2003)
Заработка: 68 милиони долари
Режија: Кевин Костнер
Главни улоги: Кевин Костнер, Роберт Дувал, Анет Бенинг и Диего Луна
Синопсис: Поранешен ловец на награди е принуден повторно да земе оружје во раце, откако тој и неговите пријатели се загрозени од корумпиран шефир.

http://youtu.be/lrmUSTdX36s

The Proposition (2005)
Заработка: 5 милиони долари
Режија: Џон Хилкот
Главни улоги: Гај Пирс, Реј Винстон, Емили Вотсон и Дени Хјустон
Синопсис: Локален шефир апси озлогласен криминален и му дава ултиматум од девет дена да го убие својот постар брат, во спротивно, негобиот помлад брат ќе биде егзекутиран.

3:10 to Yuma (2007)
Заработка: 70 милиони долари
Режија: Џејмс Манголд
Главни улоги: Расел Кроу, Кристијан Бејл, Бен Фостер и Питер Фонда
Синопсис: Фармер и неговиот син се принудени да придружуваат опасен криминалец, кој треба да се качи на воз за Јума, каде треба да му се суди.

The Assassination of Jesse James (2007)
Заработка: 15 милиони долари
Режија: Ендру Доминик
Главни улоги: Бред Пит, Кејси Афлек, Сем Шепард и Сем Роквел
Синопсис: Роберт Форд, чиј идол од детството е Џеси Џејмс, со сите сили настојува да се приклучи на бандата на Џеси, меѓутоа, постепено станува лут и огорчен од познатиот разбојник.

Appaloosa (2008)
Заработка: 27 милиони долари
Режија: Ед Харис
Главни улоги: Ед Харис, Виго Мортенсен, Рене Зелвегер и Џереми Ајронс
Синопсис: Двајца пријатели се најмени да го одржуваат законот во мал град, кој е под контрола на немилосрден ранчер. Нивната работа се компликува, откако во градот ќе се појави млада вдовица.

True Grit (2010)
Заработка: 251 милиони долари
Режија: Џоел и Итан Коен
Главни улоги: Џеф Бриџес, Мет Дејмон, Џош Бролин и Бери Пепер
Синопсис: Суров шериф помага на тврдоглаво девојче да го пронајде убиецот на нејзиниот татко.

Django Unchained (2012)
Заработка: 393 милиони долари
Режија: Квентин Тарантино
Главни улоги: Џејми Фокс, Кристоф Волтс, Леонардо ДиКаприо и Семјуел Л. Џексон
Синопсис: Приказната во филмот го прати Др. Кинг Шултс, поранешен забар, а сега ловец на награди, кој ја купува слободата на робот Џанго, со намера да го обучи и да го направи свој заменик. Наместо тоа, Џанго е доведен на плантажата на која се наоѓа неговата жена, која е во рацете на немилосрдниот сопственик, Калвин Кенди.

Објавено од admin на 7 March 2013, 10:45