Најголемите филмски разочарувања оваа година (прв дел)

Најголемите филмски разочарувања оваа година (прв дел)

Магазинот The Hollywood Reporter состави листа на најголемите филмски разочарува кои се појавија во 2013 година, а ние ви ја претставуваме подолу:

The Last Stand – режисерско деби во САД за Ким Је-вун, во кое главните улоги ги толкуваа Арнолд Шварценегер и Џони Ноксвил. Филмот докажа дека поранешниот гувернер на Калифорнија не е иста филмска ѕвезда каква што беше во 80-тите и 90-тите, кога речиси секој негов филм гарантираше успех на бокс офисот. Овој акционен трилер заработи 7 милиони долари на првиот викенд, а вкупната заработка беше 48 милиони.

Broken City – уште едно разочарување од почетокот на 2013 година. Трилерот со Расел Кроу и Марк Волберг за политичка корупција во Њујорк требаше да биде јануарски хит, меѓутоа, филмот заработи само 30 милиони долари низ кино салите во светот. Единствена позитивна работа е што буџетот беше релативно скромен – 35 милиони долари.

Bullet to the Head – овој филм на култниот режисер Волтер Хил не успеа да се најде меѓу првите пет на бокс офисот за време на премиерниот викенд. Не помогна ни Силвестер Сталоне, кој ја толкуваше главната улога. Вкупната заработка беше мизерни 13 милиони долари.

Jack the Giant Slayer – режисерот Брајан Сингер реши да направи пауза од мутантите и да се посвети на екранизација на познатата бајка Jack and the Beanstalk. Ова се покажа како лоша идеја. Warner Brothers и продукциската куќа Legendary Pictures вложија околу 300 милиони долари во филмот (190 продукција + 110 маркетинг), а филмот успеа заработи 197 милиони долари.

Beautiful Creatures – често споменуван како наследник на мега-успешните Twilight и The Hunger Games, Beautiful Creatures, кој е базиран на популарна новела, не успеа да импресионира на бокс офисот. Првиот викенд заработи 9 милиони, а вкупната заработка беше 60 милиони.

The Incredible Burt Wonderstone – амбициозната комедија за магионичари со познати и докажани филмски ѕвезди (Џим Кери, Стив Карел, Стив Бушеми и Оливија Вајлд) не успеа да ја маѓепса публиката. Заработи 24 милиони, а не помогнаа ни лошите оценки и рецензии за филмот.

The Host – е филмска адаптација на уште една новела на авторката Стефани Маер, која се стекна со планетарна популарност благодарејќи на нејзините Twilight новели. Меѓутоа, оваа научно фантастична драма имаше иста судбина како и Beautiful Creatures. Вкупната заработка изнесуваше 48 милиони, неколку милиони повеќе од буџетот на филмот.

After Earth – Вил Смит и неговиот син Џејден глумеа во оваа научно фантастична авантура во режија на М. Најт Шиамалан (кој по The Sixth Sense и Unbreakable прави навистина лоши филмови). Филмот доби многу негативни оценки од критиката и публиката, а рејтингот на Rotten Tomatoes беше катастрофални 11%. Позитивна вест е заработката – 243 милиони, со буџет од 130 милиони.

Објавено од admin на 26 December 2013, 09:58