„Новајлиите“ кои викендов ќе се борат за Златен глобус

„Новајлиите“ кои викендов ќе се борат за Златен глобус

Церемонијата за доделување на наградите Златен глобус ќе се одржи во недела, и во Беверли Хилтон хотелот во Лос Анџелес ќе бидат наградени најдобрите во областа на филмот и телевизијата. Под водство на водителот Џими Кимел, Холивуд ќе ги одбере најдобрите за изминатата година во филмската и телевизиската уметност.

golden_globes5

Меѓу номинираните актери, режисери и сценаристи има докажани ветерани и Оскаровци како Мерли Стрип, Никол Кидман, Мел Гибсон и Дензел Вашингтон но ние ќе се осврнеме на „новајлиите“. Не на тие без искуство во овој бизнис, туку на тие кои ја освоија првата номинација за Златен глобус во кариерата.

loving3

Во категоријата најдобар актер тоа е Австралијанецот Џоел Еџертон. Тој освои номинација за Златен глобус за улогата во биографската драма на режисерот Џеф Николс, а од спротивната категорија, колешката на Џоел, одличната Рут Нега е „новајлија“ кај дамите. За истиот филм Loving, Џоел и Рут ќе се борат за награди но, според анализите од Холивуд тие не се меѓу фаворитите за победа. Кејси Афлек за Manchester By The Sea е фаворитот за да ја подигне наградата кај актерите, а Натали Портман за Jackie кај актерките.

golden_globes2

Рајан Гослинг е единствениот од актерите кој се до оваа година немаше номинација за Златен глобус во категоријата најдобра комична улога. Канадскиот актер е номиниран за улогата во хитот Deadpool, додека пак ќерката на Фил Колинс, 27-годишната Лили Колинс е за прв пат номинирана во спротивната категорија. Најдобра актерка во мјузикл или комедија. Лили освои номинација за Златен глобус за улогата во Rules Don’t Apply, филмот на Ворен Бити.

deadpool

Номинацијата на Сајмон Хејберг за Florence Foster Jenkins во категоријата најдобра споредна машка улога во мјузикл или комедија беше вистинско изненадување, а „новајлија“ во оваа иста категорија е името на Арон Тејлор Џонсон за Nocturnal Animals филмот на Том Форд.

Бери Џенкинс освои дури 2 номинации за Златен глобус за своето дело Moonlight. За најдобра режија и најдобро оригинално сценарио, а идентични номинации за прв пат освои и

Дамиен Шезел за мјузиклот La La Land. Интересен факт за режисерот образуван на Харвард е дека иако Шезел има номинација за Оскар (за филмот Whiplash) тој до сега не освоил номинација за Златен глобус.

damien_out

Во ТВ категориите има исто така неколку пријатни изненадувања меѓу номинираните. Клер Фој ја освои првата номинација за најдобра актерка во драмска серија за улогата на Кралицата Елизабета Втора во серијата The Crown, додека пак Иса Реј ја освои првата номинација за најдобра актерка, но во серија која е комедија или мјузикла. Таа е ѕвезда на серијата Insecure и „новајлија“ за наградите Златен глобус. Рајли Кио, актерката и внука на легендата Елвис Присли ја освои првата номинација за најдобра актерка за The Girlfriend Experience, а Криси Меџ и Менди Мур од This Is Us ќе се борат за наградата најдобра споредна актерка во драмска серија.

the-crown

Кај актерите пак од другата страна на номинациите, најинтересна е категоријата најдобар актер во мини серија и ТВ филм. Од 5-те номинирани актери, дури 3-ца се „новајлии“ и ќе се борат за првата статуетка. Том Хиделстон за The Night Manager, Риз Ахмед за The Night Of и Кортни Б. Венс за The People v. O. J. Simpson: American Crime Story за прв пат во кариерите освоија номинации за Златен глобус.

night-manager-social

Објавено од admin на 6 January 2017, 08:30