Од маринец до Star Wars негативец

Од маринец до Star Wars негативец

Адам Драјвер има неверојатни 5 години. Тешко е да се поверува дека актерот кого овој месец го видовме во најновиот Star Wars филм насловен The Force Awakens своето филмско деби го имаше во 2010-та година. И тоа во филм со Ал Пачино.

adam

Драјвер во 2010-та година ја доби малата, но значајна улога во биографскиот телевизиски филм, You Don’t Know Jack во кој оскаровецот Ал Пачино ја толкуваше главната улога. Претходно тој беше карактерен театарски актер на Бродвеј, но и имаше мали улоги во епизоди од сериите како The Unusuals и Law & Order.

adam8

 Адам како маринец

И иако денес публиката најмногу го препознава по серијата Girls (за која два пати освои номинации за Emmy наградата), тој на филмското платно и пред The Force Awakens соработуваше со режисери од калибарот на Клинт Иствуд, Стивен Спилберг, Ноа Баумбах и браќата Коен.

adam5

Заедно со Оскар Ајсак во Inside Llewyn Davis

Но, самиот актер откри во повеќе наврати и дека пред да стане актер тој речиси 3 години беше дел од Маринците на САД. Станал маринец веднаш по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва година, но повреда го спречила тој да биде ангажиран во воена единица во Ирак.

adam10

adam6

По заминувањето од армијата на САД, одлучил да и даде шанса на глумата, а студирал на престижното училиште Џулијард во Њујорк.

adam7

adam-driver

Со Даниел Деј Луис во Lincoln

Сепак, кои се филмовите кои не треба да ги пропуштите со Адам пред да го погледнете The Force Awakens?

You Don’t Know Jack (2010)

Gayby (2012)

Lincoln (2012)

Frances Ha (2013)

Inside Llewyn Davis (2013)

Tracks (2013)

The F Word (2014)

Hungry Hearts (2014)

While We’re Young (2015)

*Бонус: Girls (2012 – денес)

Објавено од admin .f24 на 21 December 2015, 12:08