Од внука на Елвис до почитувана актерка?

Од внука на Елвис до почитувана актерка?

Рајли Кио во најголемиот дел од животот беше препознавана во јавноста само по тоа што е внука на легендата на рокот, Елвис Присли.

riley2

Најстаро дете на Лиса Мари Пирсли, единствената ќерка на Елвис Присли, Рајли покрај тоа што има славни роднини, може да се пофали со детство поминато во раскош, богатство и круг на славни личности. Во период од неколку години, нејзините очуви беа Мајкл Џексон и Николас Кејџ.

riley

Од 2010-та година, Рајли е позната како актерка и манекенка, а во кратката, но успешна кариера како актерка, 26-годишната Рајли соработуваше со актери од калибарот на Мајкл Шенон, Кристин Стјуарт, Ченинг Тејтум, Џуно Темпл, но и со Шарлиз Терон и Том Харди на минатогодишниот оскаровски класик Mad Max: Fury Road.

riley3

Fury Road не само што и донесе нов бран на слава, на сетот го запозна и сегашниот сопруг, каскадерот Бен Петерсен со кого се омажи минатата година. Оваа година Рајли ќе имаме можност да ја видиме на филмското платно во драмата Lovesong, но и во American Honey, покрај Шаја Лебјуф, а на малите екрани во ТВ адаптацијата на филмот The Girlfriend Experience.

riley5

GES1_102_031715_1486.jpg

Сепак кои се најпознатите дела во кариерата на Рајли Кио?

The Runaways (2010)

The Good Doctor (2011)

Jack & Diane (2011)

Magic Mike (2012)

Yellow (2012)

Kiss of the Damned (2012)

Mad Max: Fury Road (2015)

Dixieland (2015)

The Girlfriend Experience (2016)

Објавено од admin .f24 на 12 April 2016, 09:10