Одличен почеток за Les Miserables и Django Unchained

Одличен почеток за Les Miserables и Django Unchained

Католичкиот Божиќ е период од годината кога најголемите адути на холивудските студиа ги имаат своите премиери (покрај летниот период, се разбира). И оваа година праксата се повторува. Вчера, премиерно во кино салите во САД беа прикажани три филмови: Les Miserables, Django Unchained и Parental Guidance. Победник од трите филма е најновата адаптација на познатото дело на Виктор Иго, Les Miserables, филм кој заработи солидни 18 милиони долари. Инаку, рекордот за најголема заработка на 25-ти декември е во сопственост на Sherlock Holmes ($24.6 милиони), детективската приказна со Роберт Дауни Џуниор од 2009 година.

На второто место со заработка од $15.5 милиони се најде најновото остварување на култниот режисер Квентин Тарантино, Django Unchained. Трет е филмот кој изминатите две недели ја освојуваше круната на бокс офисот, The Hobbit: An Unexpected Journey ($10.8 милиони). Најновата приказна за Средната Земја на Питер Џексон досега има заработено над $440 милиони во кино салите низ светот. Parental Guidance, третата божиќна премиера се најде на четвртото место со заработка од $7 милиони, додека Jack Reacher со Том Круз е на петтото место со заработка од $5 милиони.

Подолу е комплетната листа на заработка за 25.12.2012:

1. Les Miserables – $18.0 милиони

2. Django Unchained – $15.5 милиони

3. The Hobbit: An Unexpected Journey – $10.8 милиони

4. Parental Guidance – $7.0 милиони

5. Jack Reacher – $5.1 милион

6. This is 40 – $4.3 милиони

7. Lincoln – $2.4 милиони

8. The Guilt Trip – $2.3 милиони

9. Monsters Inc (3D) – $1.2 милиони

Заработките се проценки, односно неофицијални податоци од студиата.

Објавено од admin на 26 December 2012, 12:13