Омилениот „зет“ на Америка

Омилениот „зет“ на Америка

Дали поради неговата улога (на Џим Хелперт) во култната серија Office (американската верзија на серијата) или пак неговиот имиџ на прекрасен човек и посветен сопруг/татко, Џон Кразински често во американските медиуми е нарекуван омилениот „зет“ на Америка. Поточно човек кого секоја мајка би го посакала за зет.

office

Всушност Џон Кразински веќе 6 години е во брак со Емили Блант, а оваа година го очекува и второто дете со британската актерка. Споредна но, сепак позначителна улога на филмското платно Џон оствари во 2004-та година, а веќе следната година ја освои улогата на Џим Хелперт во американската верзија на The Office.

Jarhead

Оваа улога го катапултираше во светот на славните, но и му ги отвори вратите на Холивуд. Па затоа истата таа 2005-та година ја оствари првата соработка со режисерот Сем Мендез (на филмот Jarhead), но соработуваше и со Ненси Мајерс, Бил Кондон, Џорџ Клуни, Гас Ван Сант, Камерон Кроу.

leatherheads

Оваа година фановите не само што имаа можност да го погледнат во новиот проект, биографската воена акција 13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi, туку имаа можност да го погледнат и неговото ново тело за кое тој напорно работеше.

nobody

Станува збор за адаптација на книгата 13 Hours: The Inside Account of What Really Happened in Benghazi од Мајкл Зукоф, а самиот Џон ја портретира улогата на Џек да Силва, еден од платениците испратени во Бенгази да помогнат при нападот од исламистите на 11-ти септември 2012-та година.

hours2

hours

Филмската рецензија за 13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi ќе можете да ја прочитате на Филм24, но, потсетете се и на дел од најдобрите остварувања во кариерата на Џон Кразински.

Kinsey (2004)

Jarhead (2005)

For Your Consideration (2006)

The Holiday (2006)

Dreamgirls (2006)

Leatherheads (2008)

Away We Go (2009)

It’s Complicated (2009)

Nobody Walks (2012)

Big Miracle (2012)

13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi (2016)

Бонус: The Office (2005-2013)

Објавено од admin .f24 на 22 February 2016, 10:35