Оскари 2017: сите номинирани дами во само едно видео

Оскари 2017: сите номинирани дами во само едно видео

Церемонијата за доделување на наградите Оскар полека но сигурно се наближува. За 20-на дена филмските фанови ќе ги дознаат добитниците на престижната награда Оскар во 24 различни категории.

emma_out

Со водството на домаќинот Џими Кимел ние ќе го дознаеме победникот во една од нај-неизвесните категории. Таа за најдобра главна женска улога. Во речиси сите останати победникот е „помалку или повеќе“ веќе познат. Кејси Афлек е фаворит за победа кај актерите во главната машка улога, а Демиен Шезел кај режисерите.

loving3

meryl

Но што е со дамите? Кој ќе биде победникот во оваа категорија? Дали Ема Стоун за глумата во La La Land или Изабел Ипер за глумата во Elle. И двете актерки освоија Златни глобуси во 2 различни категории, а и двете не само што се во различни филмови (мјузикл/драма), постои и возрасна разлика меѓу Ема и Изабел од точно 35 години.

jackie-natalie-portman-image-600x400

izabelle

Сепак, да се обидеме да ги претставиме 5-те актерки во видео компилацијата од најдобрите сцени од номинираните филмови.

Објавено од admin на 6 February 2017, 10:01