Оскари: 5 факти кои можеби не сте ги знаеле

Оскари: 5 факти кои можеби не сте ги знаеле

Церемонијата за доделување на филмските награди Оскар е пред нас. На 22-ри овој месец Академијата за филмска уметност ќе ги награди најдобрите филмови, актери, режисери, сценографи и сценаристи, а самата церемонија ќе биде водена од страна на одличниот Нил Патрик Харис.

oscars3

Но, додека ги очекуваме Оскарите, црвениот тепих и холивудските ѕвезди во прекрасните тоалети, да се постетиме на неколку факти од историјатот на оваа церемонија.

1. Првиот актер кој освоил Оскар не ни дошол на церемонијата да ја подигне статуетката. Емил Џенингс кој освоил Оскар за најдобра главна машка улога (за филмовите The Last Command и The Way of All Fleshdouble) не бил присутен на церемонијата во Роузвелт хотелот на 16-ти мај 1929-та година. Тој се вратил во родната Германија пред доделувањето на Оскарите.

2. Етел и Лионел Баримур се единствените брат и сестра кои освоиле Оскари за глума. Лионел за A Free Soul (1931), а Етел за None But the Lonely Heart (1944). Единствените сестри кои освоиле Оскари се Џоан Фонтејн и Оливија де Хавиленд. Џоан за Suspicion (1942), а Оливија за To Each His Own (1947).

3. Реченицата And the winner is.. ( и победникот е…) беше забранета на церемонијата во 1989-та година. Од тогаш презентерите ја користат.. And The Oscar Goes To… (И Оскарот оди кај…)

oscar

4. Три победници до сега ги одбиле статуетките кои ги освоиле. Дадли Николс освои оскар за најдобро сценарио за The Informer (1935), но го одби поради кавгата на Академијата и Синдикатот на сценаристи во САД. Џорџ С. Скот го одби оскарот за најдобар актер во главна улога за Patton (1970), а Марлон Брандо за главна машка улога за The Godfather (1972).

5. Кога Беатрис Стрејт го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога за филмот Network, таа се појави во филмот 5 минути и 40 секунди. До ден денешен тоа е најмалото присуство на актер/актерка во споредна улога пред камерата кои освоиле ваква статуетка.

Објавено од admin .f24 на 6 February 2015, 10:05