Оскаровците на „купче“

Оскаровците на „купче“

На помалку од месец од церемонијата за доделување на наградите Оскар, академијата за филмска уметност ги собра сите номинирани на „купче“ за заеднички ручек.

Оскаровескиот ручек се одржа синоќа во Beverly Hilton хотелот во Лос Анџелес, а меѓу номинираните во сите 24 категории, присутен беше и водителот на Оскарите, Нил Патрик Харис.

Церемонијата за доделување на наградите Оскар ќе се одржи на 22-ри февруари во Долби театарот во Лос Анџелес. Birdman or (The Unexpected Virtue of Ignorance) и The Grand Budapest Hotel се филмовите кои водат со 9 номинации за Оскар и се сметаат за главни фаворити за статуетката во категоријата најдобар филм.

Погледнете ги Оскаровците на „купче“.

Објавено од admin .f24 на 3 February 2015, 16:12