Personal Shopper и исвиркувањето во Кан…

Personal Shopper и исвиркувањето во Кан…

Кристен Стјуарт оваа недела на филмскиот фестивал во Кан го претстави Personal Shopper, најновиот филмски проект. Втора соработка на актерката со Оливие Асејис, по Clouds of Sils Maria, филмот доби солидни критики од страна на филмските критичари а посебни аплаузи дадоа до перформансот на Стјуарт во психолошкиот трилер.

Kristen-Personal-Shopper

Но, Personal Shopper е само последниот во низата на филмови кои биле исвиркани од публиката во Кан. Претходно тоа се случи на Taxi Driver на Скорсезе по првичното прикажување, а и на Квентин Тарантино по прикажувањето на Pulp Fiction и покрај тоа што филмот подоцна ја освои Златната палма. Пред Personal Shopper, последно исвиркување се случи на проекцијата на The Tree of Life, на режисерот Теренс Малик, но што е со Personal Shopper?

kristen5

Зошто филмот доби таква негативна реакција? Па според француските и американските медиуми, по негативниот публицитет, филмот навистина добил позитивен исход (лошиот публицитет е добар публицитет) и се повеќе луѓе сакаат да го погледнат филмот по првичната проекција, но во исто време исвиркувањето всушност било упатено кон амбивалентниот крај на филмот. Не кон Кристен конкретно.

Гледачите не биле задоволни со крајот на филмот и затоа упатиле таква реакција по завршувањето на Personal Shopper.

kristen6

-Луѓето едноставно не го сфатија крајот, изјави режисерот Асејис на прес конференцијата по проекцијата. Personal Shopper се натпреварува за Златната палма на Филмскиот фестивал во Кан, а прогласувањето на победниците ќе се одржи во недела.

Сепак, кои беа Twitter реакциите за Personal Shopper по прикажувањето оваа недела?

kristen2

kristen3

kristen4

Објавено од admin .f24 на 19 May 2016, 10:15