Платеници 3, Зули и Враќањето во Оз – Нови филмови во Cineplexx

Платеници 3, Зули и Враќањето во Оз – Нови филмови во Cineplexx

Од четврток во Cineplexx ќе започне со прикажување „Платеници 3“ последниот дел од познатата акциона франшиза во која се појавуваат Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Џејсон Стејтам, Мел Гибсон, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас и уште 10 легенди.

Нивната мисија е да спречат моќното оружје да падне во погрешни раце. Но, сето тоа завршува неочекувано за Барни Рос (Силвестер Сталоне) и неговиот тим на врвни платеници. Тие ќе откријат дека суровиот трговец на оружјето кое го бараат е всушност Конрад Стонбенкс (Мел Гибсон) – стар пријател на Барни и коосновач на неговиот тим, за кој мислат дека Барни го убил пред повеќе од десет години. По големата битка Стонбенкс ќе успее да побегне, а ветеранот Хејл Цезар ќе настрада. Тоа ќе го натера Барни да донесе неверојатна одлука – да ги одмори искусните ветерани и да вработи група на нови платеници (Келан Латс, Ронда Руси, Глен Пауел и Виктор Ортиз), кои ќе внесат свежа енергија и нови вештини во тимот.

Напнатиот полициски трилер „Зулу“ во кој главните улоги ги толкуваат Форест Витакер и Орландо Блум публиката ќе има можност да го види од 14 август. Дејствието на филмот „Зулу“ е сместено во Јужноафриканската Република, а во фокусот на филмот е полициската истрага на бруталното убиство на девојка во текот на постапартхејдскиот период.

Али Сокхела (Форест Витакер) е шеф на одделението за истрага на убиства во јужноафриканската полиција во Кејптаун. Али како дете едвај им побегнал на милитантните единици кои биле во војна со Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела. Малото момче и мајка му го избегнале масакрот, но психолошките лузни останале. Сокхела работи со детективот со проблематичен карактер Брајан Епкин (Орландо Блун), кој по разводот тоне во море од алкохол. Истрагата за убиството на младата 18-годишна девојка од високите кругови се компликува по убиството на колега полицаец пред нивните очи. Набрзо потоа, при понатамошната истрага ја откриваат поврзаноста меѓу убиството на младата жена и трговијата со нови илегални супстанци кои стануваат достапни на улиците на Кејптаун. Животот на Али и Брајан добива ново забрзување и многу поопасен тек.

Потребни беа повеќе од 70 години за љубителите на Оз ширум светот конечно да дознаат што се случи со Дороти Гејл кога таа се враќа во Канзас. Оваа недела ни пристига продолжението на една од најпопуларните детски авантури, „Враќањето во Оз“, анимиран филм базиран на романот од Роџер С. Баум, праправнук на Л. Френк Баум.

Дороти и Тото конечно се враќаат во Оз! Таа се враќа во магичната земја преку виножитото откако сфаќа дека Канзас е целосно уништен и дека сите се отселиле од него. Со неа во Оз се враќа и верниот Тото. На жолтите тули повторно ќе одѕвонува смеата на веселата дружина која ќе доживее нови авантури во земјата каде што се запознале.

Објавено од admin на 13 August 2014, 11:05