Power Rangers беа немоќни да дојдат до врвот

Power Rangers беа немоќни да дојдат до врвот

Долго очекуваниот блокбастер Power Rangers не успеа да дојде до врвот на бокс офисот во С. Америка. Филмот за „можните ренџери“ успеа да се „закотви на 2-та позиција“ откако по првиот викенд на прикажување заработи 40 милиони долари. Добрите критики кои ги освои не успеаа да го доближат до врвот на бокс офисот, бидејќи таму втора недела по ред остана уште една филмска адаптација.

power-rangers-cast1-600x412

Beauty and the Beast во режија на Бил Кондон заработи дополнителни 88 милиони долари за нов викенд поминат на врвот на бокс офисот. Kong: Skull Island изминатиот викенд падна на 3-та позиција откако заработи 14 милиони долари.

1 Beauty and the Beast (2017) $88,347,000
2 Power Rangers (2017) $40,500,000
3 Kong: Skull Island $14,425,000
4 Life (2017) $12,600,000
5 Logan $10,145,000

Објавено од admin на 27 March 2017, 09:53