Познат супер-херој, три современи жени и самовили на репертоарот во Cineplexx!

Познат супер-херој, три современи жени и самовили на репертоарот во Cineplexx!

На 9 дена пред САД и 1 ден пред закажаната премиера во Македонија, вистинските Spiderman фанови ќе имаат можност да ја погледнат новата авантура на човекот пајак. Најважната битка на човекот-пајак е внатре во него: битка помеѓу секојдневните обврски на Питер Паркер и на необичните задолженија на Човекот-пајак. Но, во „Неверојатниот човек-пајак 2“, Питер Паркер сознава дека поголем конфликт постои кој тој треба да го реши.

„Сакавме овој филм да биде поразигран, многу позабавен“ – вели режисерот Марк Веб. Отсликувањето на остроумоста на Питер Паркер – особено како човек-пајак – беше можеби најзначајната работа која Веб сакаше да ја направи. „Ги гледаш стриповите и тука се неговите досетки, неговата смисла за хумор, неговите квалитети. Тоа е нешто што многумина го сакаат кај човекот-пајак, и секако нешто што јас го сакам кај него.“

Публиката ќе има можност да го гледа филмот „Одмазда на женски начин“ на големото платно од 24 април. Студиото Twentieth Century Fox собра одлична женска постава која со сигурност ќе ве насмее!

Три карактерно различни жени имаат само една заедничка работа во животот – истовремено ги изиграл ист маж. Повеќе не е важно која ќе биде со него, туку како да му се одмаздат! Одмаздата на „женски начин“ ги доведува во низа комични ситуации. Откако дознала дека дечко ѝ е оженет, главниот женски лик (Камерон Дијаз) се обидува да го среди својот разнишан живот и да се врати на „вистинскиот пат“. Меѓутоа, кога случајно ќе ја запознае неговата жена (Лесли Ман) согледува дека двете имаат многу заеднички нешта. Набрзо, смртните непријатели стануваат неразделни и добри пријателки. Откако ќе откријат уште една љубовница (Кејт Аптон), трите жени ги здружуваат силите и смислуваат заедничка одмазда.

Главните улоги во филмот „Одмазда на женски начин“ ги толкуваат Камерон Дијаз, Кејт Аптон и Лесли Ман. Главниот машки лик е згодниот Николај Костер-Валдоу, кој ѝ е познат на пошироката јавност по улогата на Џејми Ланистер во култната серија „Игра на тронови“.

По повод премиерата на филмот, во Cineplexx ќе биде организирана тематска вечер Ladies Night со многу подароци и изненадувања за посетителите. Премиерата е закажана за 24 април (четврток) со почеток во 20:00 часот.

Од светот на „Петар Пан“ пристигнува и „Ѕвончица и самовилата Гусарка“, авантура за Зарина, паметна и амбициозна самовила чувар на самовилскиот прав која е маѓепсана од синиот самовилски прав и неговата бескрајна можност. Таа бега од долината на самовилите и се здружува со пиратите од Камениот Череп кои ја избираат за нивни капетан на бродот. Ѕвончица и нејзините пријатели ќе мораат да се впуштат во епска авантура да ја пронајдат Зарина, каде попат ќе се борат со банда од пирати предводена од младиот Џејмс, кој подоцна ќе познат како Капетан Кука.

Објавено од admin на 23 April 2014, 11:36