Пред Alien Covenant: најдоброто од маестро Ридли

Пред Alien Covenant: најдоброто од маестро Ридли

Ридли Скот оваа година прославува јубилеј. Точно 40 години од премиерата на неговиот деби игран филм The Duellists. Тоа е режисер кој постигна критички успех со своето деби, а култен статус со следните два филмови. Alien и Blade Runner.

ridley2

Ридли е и режисер кој не може да се каже дека припаѓа стриктно во еден жанр со неговите филмови. Изборот на проекти кај Скот е еклектичен и разновиден, а таков е изборот за актери во неговите филмови.

Од крими трилерите Black Rain, Someone to Watch Over Me во 80-те, авантурите 1492: Conquest of Paradise и White Squall во 90-те, се до епските Gladiator и Kingdom of Heaven во новиот Милениум, а не смее да се заборави и враќањето на Ридли на добро познатиот жанр (научната фантастика) преку Prometheus, The Martian и оваа година со Alien: Covenant.

Alien: Covenant пристигнува оваа недела во кино салите, а Ридли со него има ново враќање во кино салите по мега успешниот и оскаровскиот The Martian.

ridley5

Главните улоги во Alien: Covenant ги толкуваат Кетрин Вотерсон, Демиан Бaшир, Мајкл Фасбендер, а додека го очекуваме во кино салите и во Скопје, да се потсетиме на дел од најдобрите дела во кариерата на Ридли Скот.

alien-covenant

The Duellists (1977)

Alien (1979)

Blade Runner (1982)

Legend (1985)

Someone to Watch Over Me (1987)

Black Rain (1989)

Thelma & Louise (1991)

1492: Conquest of Paradise (1992)

White Squall (1996)

Gladiator (2000)

Black Hawk Down (2001)

Kingdom of Heaven (2005)

American Gangster (2007)

Body of Lies (2008)

Prometheus (2012)

The Martian (2015)

Објавено од admin на 16 May 2017, 07:38