Пред King Arthur: Legend of the Sword: што е најдоброто од Гај Ричи?

Пред King Arthur: Legend of the Sword: што е најдоброто од Гај Ричи?

Гај Ричи по пауза од 2 години оваа недела ќе ни го прикаже најновото дело. King Arthur: Legend of the Sword со Чарли Ханам во насловната улога, е најновата филмска адаптација на старата легенда за Артур и мечот Ексалибур кој ќе го извлече од каменот.

guy-ritchie-out

Како и за претходникот, The Man from U.N.C.L.E. така и во King Arthur: Legend of the Sword можеме да го забележиме Ричи во тројна улога како режисер, ко-сценарист и ко-продуцент, а повторно во мала, но интересна улога го има Дејвид Бекам.

charlie_out (2)

Гај Ричи кариерата ја започна во средната на 90-те со The Hard Case, 20 минутно дело кое тој го режираше и кое му го донесе вниманието и инвеститорите кои ги посакуваше. Тоа дело водеше до првиот долгометражен игран филм во кариерата Lock, Stock and Two Smoking Barrels, а веднаш потоа следеше и класикот Snatch.

Во тој период Ричи беше познат по врската и евентуалниот брак со пејачката Мадона, а Swept Away со токму Мадона во главната улога е еден од најужасните филмови во неговата кариера. „Искупувањето“ кај фановите дојде подоцна и пост разводот од Мадона, со Sherlock Holmes.

snatch

Покрај Чарли Ханам, во King Arthur: Legend of the Sword ќе имаме можност да ги видиме и Џад Лоу, Ерик Бана, Џајмон Хенсоу и Ејдан Гилен, а додека го очекуваме во кино салите, кои се најдобрите дела во неговата кариера?

Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998)

Snatch (2000)

RocknRolla (2008)

Sherlock Holmes (2009)

Sherlock Holmes: A Game of Shadows (2011)

The Man from U.N.C.L.E. (2015)

*King Arthur: Legend of the Sword (2017)

Објавено од admin на 12 May 2017, 07:30