Преглед на сите летни блокбастери

Преглед на сите летни блокбастери

Третото продолжение на Iron Man, кое се појави во кино салите пред две недели, официјално го означи стартот на летната сезона во САД. Досега филмот заработи одлични 990 милиони долари и (засега) е најгледан филм во 2013 година. Во продолжение ви ги претставуваме останатите наслови кои ќе ја одбележат претстојната жешка летна сезона:

Star Trek Into Darkness

Премиера: 23-ти мај во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 260-285 милиони долари
Режисер: Џ.Џ. Абрамс
Главни улоги: Крис Пајн, Зои Салдана, Сајмон Пег, Закари Квинто, Карл Урбан
Синопсис: Приказната повторно го прати екипажот на Ентерпрајс кој е повикан да се врати дома. Откако незапирлива сила на терор, која потекнува од нивната организација, ќе ја уништи флотата и ќе предизвика голема криза, капетанот Кирк мора да предводи потера која ќе ги однесе во воена зона, со цел да фатат човек кој поседува оружје за масовно уништување.

Fast & Furious 6

Премиера: 23-ти мај во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 210-230 милиони долари
Режисер: Џастин Лин
Главни улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон, Мишел Родригез, Џина Карано
Синопсис: Откако Дом и Брајан укарадоа 100 милиони долари во Рио, екипата се раздели низ светот. Меѓутоа, не можат да се вратат во нивните домови и да живеат спокоен живот. Во меѓувреме, Хобс трага по организација на платеници, кои се преводени од Овен Шо. Негов заменик е немилосрдната Лети, големата љубов на Дом. Единствен начин да ја запрат оваа организација е да ги победат на улицата. Па така, Хобс, бара помош од Дом и неговата екипа. Наградата е целосно помилување за сите и можност да се вратат дома.

The Hangover Part III

Премиера: 30-ти мај во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 175-205 милиони долари
Режисер: Тод Филипс
Главни улоги: Бредли Купер, Ед Хелмс, Зак Галифинакис, Хедер Грахам, Џејми Ченг
Синопсис: Во најновото продолжение екипата од првите два дела ќе тргне во Тихуана, Мексико, во обид да го спаси нивниот проблематичен пријател Алан, кој е однесен во ментална болница.

After Earth

Премиера: 6-ти јуни во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 100-115 милиони долари
Режисер: М. Најт Шиамалан
Главни улоги: Вил Смит, Џејден Смит
Синопсис: Приказната во After Earth е сместена 1000 години во иднината, во која катаклизмични настани ја опустошиле Земјата и ги приморале луѓето да се преселат на друга планета, позната како Нова Прајм. Вил Смит го глуми генералот Сајфер Рејџ, кој се враќа од долга мисија назад кај неговото семејство. Но, тоа не трае долго, бидејќи нивното вселенско летало се судира со група астероиди и завршува на Земјата. Додека генерал Рејџ лежи повреден во кабината, неговиот 13 годишен син Китаи тргнува да бара помош низ непрепознатливата Земја.

Man of Steel

Премиера: 14-ти јуни
Бокс-офис потенцијал: 240-270 милиони долари
Режисер: Зек Снајдер
Главни улоги: Хенри Кавил, Ејми Адамс, Мајкл Шенон, Расел Кроу, Кевин Костнер
Синопсис: Кларк Кент е вонземјанско новороденче израснато на планетата Земја со надчовечки способности. Дали ќе ги користи неговите способности за одржување на мирот или за освојување и владеење? Кларк мора да стане херој познат како Супермен за да ги заштити саканите и да блесне како последен светилник на надеж.

World War Z

Премиера: 21-ви јуни
Бокс-офис потенцијал: 110-135 милиони долари
Режисер: Марк Фостер
Главни улоги: Бред Пит, Метју Фокс, Ерик Вест, Дејвид Морс
Синопсис: Приказната го прати Гери Лејн, работник во Обединетите Нации, кој се обидува да спречи епидемија на вирус кој ги претвора луѓето во зомби.

White House Down

Премиера: 21-ви јуни
Бокс-офис потенцијал: 125-150 милиони долари
Режисер: Роналд Емерих
Главни улоги: Ченинг Татум, Џејми Фокс, Меги Гиленхол, Џејмс Вудс, Џејсон Кларк
Синопсис: Приказната прати агент на Тајната Служба, кој се обидува да го спаси животот на Претседателот на САД, откако Белата Куќа е нападната од парамилитарна група.

Despicable Me 2

Премиера: 3-ти јули
Бокс-офис потенцијал: 215-240 милиони долари
Режисер: Крис Ренод и Пјер Куфин
Главни улоги: Стив Карел, Кристен Виг, Расел Бренд, Миранда Косгроув
Синопсис: Гру, девојчињата и непредвидливите миниони се соочуваат со страшен непријател во оваа нова анимирана авантура на Illumination Entertainment.

The Lone Ranger

Премиера: 3-ти јули
Бокс-офис потенцијал: 135-160 милиони долари
Режисер: Гор Вербински
Главни улоги: Џони Деп, Арми Хамер, Том Вилкинсон, Хелена Бонам Картер
Синопсис: Приказната во филмот прати крајно необично дуо (Осамениот Ренџер и Тонто) кои се обидуваат да го урнат желеничкиот тајкун Лејтам Кол.

Pacific Rim 

Премиера: 12-ти јули
Бокс-офис потенцијал: 145-180 милиони долари
Режисер: Гилермо Дел Торо
Главни улоги: Чарли Ханам, Рон Перлман, Идрис Елба, Макс Мартини, Ринко Кикучи
Синопсис: Огромни чудовишта наречени Каиџу, се појавуваат од Пацифичкиот Океан и ја напаѓаат Земјата. Со цел да ја запрат инвазијата, луѓето дизајнираат џиновски роботи наречени Џагери.

R.I.P.D.

Премиера: 19-ти јули
Бокс-офис потенцијал: 100-125 милиони долари
Режисер: Роберт Швентке
Главни улоги: Рајан Рејнолдс, Џеф Бриџис, Кевин Бејкон, Мери-Луис Паркер
Синопсис: Приказната го прати Ник Вокер, полицаец кој е застрелан за време на полициска рација. Во задгробниот живот, тој прифаќа да работи 100 години за “Почивај во мир” – департман со задача да пронаоѓа изгубени души. Истовремено, тој настојува да го реши и сопственото убиство. Заедно со неговиот партнер, Рој Пулсифер, неговата потрага ќе го однесе до Пеколот и назад.

The Wolverine

Премиера: 26-ти јули
Бокс-офис потенцијал: 190-220 милиони долари
Режисер: Џејмс Манголд
Главни улоги: Хју Џекмен, Хал Јамагучи, Вил Јун Ли, Тао Окамото
Синопсис: Дејствието во филмот е сместено веднаш по настаните во X-Men: The Last Stand и го прати Логан, вечниот воин и отпадник, кој е во Јапонија.  Таму, самурајскиот челик се соочува со адамантиумските канџи во епска битка, откако Логан ќе сретне мистериозна личност од неговото минато која ќе го промени засекогаш.

The Smurfs 2

Премиера: 1-ви август во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 130-150 милиони долари
Режисер: Раџа Госнел
Главни улоги: Нил Патрик Харис, Софија Вергара, Кристина Ричи, Антон Јелчин, Алан Каминг
Синопсис: Штрумфовите мора да се обединат со цел да ја спасат Штрумфета, која е киндапирана од злобниот Гаргамел. Тој сака да ја искористи нејзината магија и да ја претвори неговата најнова креација – суштества наречени Палавите – во прави Штрумфови.

http://youtu.be/vQbSGLaVJ5c

Elysium

Премиера: 9-ти август
Бокс-офис потенцијал: 150-175 милиони долари
Режисер: Нил Блумкамп
Главни улоги: Мет Дејмон, Џоди Фостер, Шарлто Копли, Алис Брага, Талиса Сото
Синопсис: Дејствието во филмот е сместено во 2154 година, каде богатите луѓе живеат на вселенска станица во орбитата, додека останатите се оставени на разурнатата Земја. Еден човек тргнува во мисија да донесе еднаквост во поларизираните светови.

Monster University

Премиера: 22-ри август во Cineplexx
Бокс-офис потенцијал: 250-275 милиони долари
Режисер: Ден Скенлон
Главни улоги: Били Кристал, Џон Гудман, Стив Бушеми, Џулија Свини
Синопсис: Во вториот дел, повторно ќе се дружиме со неразделните другари, Мајк и Сали и нивниот живот на колеџот за Чудовишта, каде треба да научат како поуспешно да ја тероризираат човечката раса.

Објавено од admin на 16 May 2013, 13:20