Продолжен викенд на македонски филмски класици во Cineplexx

Продолжен викенд на македонски филмски класици во Cineplexx

Од 8-ми до 12-ти октомври, љубителите на филмот во Македонија ќе имаат ретка можност да ја задоволат својата носталгија и да уживаат во неколку вистински македонски филмски класици.

На ваше и наше задоволство, НУ Филмски центар Вардар филм во соработка со Cineplexx отпочнa да реализира проект – иницијатива која треба да го приближи македонското филмско богатство до новите генерации прикажувајки им теми од прекрасните поствоени години на нашата татковина, генерациската провалија на 80-те и суровото општество на 90-те.

Планината на гневот (1968), Среќна нова ’49 (1986), Тетовирање (1991), Три Ани (1959) и Хај-Фај (1987) според многумина се домашни култни класици и уметнички обележја на своето време, филмови со кои ќе се одбележи почетокот на оваа кул иницијатива.

За подетални информации за филмовите и нивните проекции, посетете ја официјалната страна на Cineplexx.

Објавено од Мартин Чалакоски на 29 September 2015, 08:15