Првиот пат кога беше прогласен погрешен победник на Оскарите

Првиот пат кога беше прогласен погрешен победник на Оскарите

Оскаровската церемонија изминатиот викенд имаше конфузен и шокантен крај. Во последната категорија на вечера (најдобар филм) беше прогласен погрешен победник.

Презентерите Феј Данавеј и Ворен Бити поради погрешното врачено плико најпрво го прогласија за победник мјузиклот La La Land, но потоа беше исправена грешката и Moonlight ја освои статуетката за најдобар филм.

sammy_in (2)

Но, тоа не е прв пат да се случи ваква забуна за Оскаровската церемонија. За прв пат тоа се случи на Оскарите во 1964-та година кога презентерот Семи Дејвис Џуниор го прогласи погрешниот победник во категоријата најдобра филмска музика.

Па затоа наместо Андре Превин за Irma La Douce, тој го прогласи Џон Адисон (Tom Jones) за победник.

Погледнете.

Објавено од admin на 28 February 2017, 10:03