Rogue One ја заврши годината со супер заработка

Rogue One ја заврши годината со супер заработка

Rogue One: A Star Wars Story, антологискиот филм од Star Wars франшизата успеа и во новогодишниот викенд да остане на врвот на бокс офисот во С. Америка.

Во продолжениот викенд Rogue One: A Star Wars Story ја надмина бројката од 400 милиони долари заработка на домашниот бокс офис, а дури 700 милиони долари на интернационалниот.

rogue-one

Филмот на Гарет Едвардс сега седи на 10-та позиција на филмови од 2016-та година со најдобра заработка. На врвот на таа листа се наоѓа хитот на Marvel, одличниот Captain America: Civil War со $1,153,304,495 интернационална заработка. Меѓу првите 2 филма со најголема заработка на интернационалниот бокс офис се наоѓаат дури 2 анимирани филмови: Finding Dory и Zootopia.

Главните улоги во Rogue One ги толкуваат Фелисити Џонс, Диего Луна, Бен Менделсон, Риз Ахмед, Дони Јен и Мадс Микелсен.

Објавено од admin на 2 January 2017, 08:11