Што да очекуваме на Оскарите во недела?

Што да очекуваме на Оскарите во недела?

Церемонијата за доделување на филмските награди Оскар ќе се одржи во недела на 26-ти февруари во Dolby театарот во Лос Анџелес. Водител на церемонијата ќе биде водителот и шоумен Џими Кимел, а со 14 номинации води мјузиклот La La Land.

oscars2

Минатогодишните победници Леонардо ди Каприо, Алисија Викандер, Марк Рејлајнс и Бри Ларсон ќе бидат дел од презентерите на наградите оваа година, а холивудските легенди и Оскаровци Феј Данавеј и Ворен Бити ќе бидат презентери во последната категорија на вечерта – таа за најдобар филм. Оваа година се навршуваат 50 години од премиерата на Bonny And Clyde, филмот кој ги катапултираше Феј и Ворен во Холивуд, па затоа и двајцата ја добија таа чест да бидат на сцената.

oscars

Но, што можеме да очекуваме на самата церемонија?

Холивуд ќе брои колку оскари ќе освои La La Land

lala-land

Мјузиклот на режисерот Демиен Шезел, La La Land, е само 3-от филм во историјата на оваа награда кој успеал да освои 14 номинации за Оскар (покрај Titanic и All About Eve). Исто така само 3 филмови во историјата освоиле 11 Оскаровски статуетки (Titanic, Ben Hur и The Lord of the Rings: The Return of the King), па останува да видиме дали и La La Land ќе се приближи до овие 3 легендарни филмови. Се над 9-10 статуетки ќе биде огромен успех.

Дали Холивуд ќе добие најмлад добитник на Оскар во категоријата најдобар режисер?

damien_out

Режисерот и сценарист на La La Land, Дамиен Шезел ако победи во категоријата најдобар режисер, ќе стане најмладиот добитник на Оскар во историјата со само 32 години. До сега таа чест ја имаше Норман Таурог кој во 1932-ра година освои Оскар за најдобра режија.

Настапите во живо на номинираните песни ќе бидат доминантно со машки изведувачи, но одлични

oscars4

Во живо на Оскаровската церемонија ќе настапат Џастин Тимберлејк, Стинг, Џон Леџенд и миленикот на САД, Лин Мануел Миранда. Тимберлејк е номиниран за музичката нумера од анимираниот филм Trolls, а Миранда за Moana, но се очекува токму Миранда да победи во оваа категорија.

Suicide Squad со мала конкуренција ќе освои Оскар?

suicide-squad2

Suicide Squad, блокбастерот на DC Comics, иако не беше најдобриот филм на изминатата година, успеа да освои една номинација за Оскар во категоријата најдобра шминка. Тоа е воедно и категоријата со најмала конкуренција, бидејќи покрај Suicide Squad во категоријата има номинирано само уште 2 филма: A Man Called Ove и Star Trek Beyond.

Rogue One: A Star Wars Story е фаворит за Оскар за најдобри специјални ефекти, но дали ќе освои Оскар?

Rogue-One-ouy

Rogue One: A Star Wars Story тука ќе има огромна конкуренција од Doctor Strange, но и од The Jungle Book, а останува да видиме кој филм ќе триумфира со Оскаровска статуетка.

Холивуд будно ќе ја следи и категоријата најдобра актерка во споредна улога: таму има дури 3 актерки со африканско потекло

viola

Нешто што никогаш се нема случено во историјата на Оскарите е една категорија да има дури 3 актерки кои се со африканско потекло. Тоа оваа година се случи кога за најдобра споредна улога беа номинирани Вајола Дејвис, Наоми Харис и Октавија Спенсер. Вајола е фаворит за победа, а и самата актерка влезе во легендите кога оваа година ја освои и 3-та номинација за Оскар. Нешто што до сега ниту една актерка со африканско потекло го нема искусено.

Политички шеги на сметка на Доналд Трамп

NEW YORK, NY - JUNE 06: Meryl Streep performs onstage at the 2016 Public Theater Gala at Delacorte Theater on June 6, 2016 in New York City. (Photo by Paul Zimmerman/WireImage)

Да, како и на Златните глобуси, така и на Оскарите очекувајте шеги на сметка на Трамп не само од водителот Кимел, туку и во говорите на победниците кои ќе дојдат на сцената.

Објавено од admin на 21 February 2017, 10:03