Скромно деби на Нинџа желките викендов

Скромно деби на Нинџа желките викендов

Teenage Mutant Ninja Turtles: Out of the Shadows, најновото продолжение од франшизата, успеа да заработи 35.2 милиони долари по првиот викенд на прикажување во С. Америка.

Филмот на Дејвид Грин имаше под просечно деби на бокс офисот во С. Америка откако беше прикажан во 3,701 кино сали ширум САД и Канада.

me-before-you

Заработката на филмот е далеку помала од таа на претходникот во 2014-та година Teenage Mutant Ninja Turtles, кој пак по првиот викенд заработи 65.6 милиони долари, а вкупно 493.2 милиони долари ширум светот.

X-Men: Apocalypse изминатиот викенд падна на втората позиција по 2-те недели поминати на врвот откако заработи дополнителни 22 милиони долари, а вторитот новитет меѓу првите 3 на бокс офисот, романтичната драма Me Before You, заработи само 18 милиони долари по дебито.

Објавено од admin .f24 на 6 June 2016, 07:36