Стивен Спилберг со нов трилер за Студената Војна

Стивен Спилберг со нов трилер за Студената Војна

Режисерот Стивен Спилберг во соработка со оскаровецот Том Хенкс, ни го претставуваат новиот шпионски трилер “Мост на шпионите“, инспириран од вистинити настани за бруклинскиот адвокат Џејмс Донован.

Филмот задоволително ни прикажува настани од историјата за кои малку знаеме, и не враќаат во ерата на Студената војна, каде Том Хенкс е во улога на адвокатот Донован. Неговата задача е да преговара за ослободување на американскиот пилот на шпионскиот авион У-2 кој бил соборен над СССР додека вршел шпионски активности.

„Мост на шпионите“ се однесува на вистинскиот мост кој ги спојувал Западен Берлин и Потсдам, кој тогаш се наоѓал под контрола на Источна Германија. Всушност е претставена првата размена на заробеници на овој мост, советскиот шпион Рудолф Абел и американскиот пилот Френсис Гери Паверс.

Во четврток, ни пристигнува и драмата од Гаспар Ноа „Сакам 3D“, која е возбудлива сексуална мелодрама за еден млад човек, една девојка и уште една девојка. Ова е најконтроверзниот филм прикажан на овогодинешниот Кански филмски фестивал. Филмот припаѓа на категорија 18+.

Од режијата на Питер Сон ќе го гледаме „Добриот Диносаурус“, кој ќе не одведе на едно епско патување во светот на диносаурусите, за еден Апатосаурус по име Арло, кој стекнува човечки пријател.

Филмот „Шишка Делукс” е словенeчко-македонско-чешка копродукција, комедија во режија на Јан Цвитиковиќ, за тројца пријатели од детството коишто се свесни дека веќе не се млади, но не знаат како да пораснат.

Љубителите на авантурите, ќе имаат можност да погледнат уште еден интересен филм „Пудрата на доктор Проктор“ . Во овој филм лудиот научник Доктор Проктор ќе добие признание за неговиот неверојатен изум, со помош на пријателството меѓу две осамени деца.

Објавено од admin на 25 November 2015, 11:23