Straight Outta Compton втора недела по ред на врвот

Straight Outta Compton втора недела по ред на врвот

Straight Outta Compton, биографскиот филм за рап групата NWA втора недела по ред не го дава врвот на бокс офисот во Северна Америка. Филмот со Кори Хокингс, О’Шеј Џексон Џуниор, Џејсон Мичел и Пол Џијамати во главните улоги изминатиот викенд заработи 27 милиони долари по вториот викенд на прикажување.

straight_ut

Mission: Impossible – Rogue Nation, петтото продолжение на акционата франшиза, остана на втората позиција откако заработи дополнителни 11 милиони долари, а продолжението на хорор филмот, сега насловено Sinister 2, мораше да се задоволи со третата позиција и заработка од 10 милиони долари.

1. Straight Outta Compton $27,800,000
2. Mission: Impossible – Rogue Nation $11,700,000
3. Sinister 2 $10,633,000
4. Hitman: Agent 47 $8,200,000
5. The Man From U.N.C.L.E. $7,420,000

Објавено од admin .f24 на 24 August 2015, 07:39