Супер филмови со Чарли Шин кои треба пак да ги погледнете

Супер филмови со Чарли Шин кои треба пак да ги погледнете

Чарли Шин оваа недела во Today емисијата потврди во американската и светската јавност дека е ХИВ позитивен.

charlie

Со јавното објавување на неговиот статус на ХИВ позитивен човек, тој ги сопре гласините кои кружеа во Холивуд во изминатите неколку месеци. Чарли откри дека прв пат дознал за инфицирањето со ХИВ вирусот пред околу 4 години, но и дека во изминатиот период бил уценуван од луѓето околу него дека ќе ја откријат тајната во американските таблоди.

charlie-sheen-hiv-positive

charlie2

Чарли Шин ја започна кариера во Холивуд најпрво со мали улоги во филмовите на неговиот славен татко Мартин Шин, но во средината на 80-те години од минатиот век неговата кариера доби вртоглав раст. Во тој период тој ја започна и соработката со режисерите како Оливер Стоун, Клинт Иствуд и Џим Абрахамс, а се до крајот на 90-те оствари многу добри улоги во брилијатни филмови.

Charlie4

charlie

Кон крајот на 90-те тој се префрли на „малите екрани“, најпрво со серијата Spin City а подоцна и со одличната Two and a Half Men, но засега да се осврнеме на филмографијата на Чарли Шин.

charlie7

charlie6

Кои се дел од најдобрите филмови во неговата кариера на кои вреди да се навратите?

Red Dawn (1984)

Platoon (1986)

Wall Street (1987)

Young Guns (1988)

Major League (1989)

Men at Work (1990)

Hot Shots! (1991)

Hot Shots! Part Deux (1993)

The Three Musketeers (1993)

Terminal Velocity (1994)

The Chase (1994)

The Arrival (1996)

Being John Malkovich (1999)

Scary Movie 3 (2003)

Објавено од admin .f24 на 20 November 2015, 10:05