Супер заработка на Guardians of the Galaxy Vol. 2

Супер заработка на Guardians of the Galaxy Vol. 2

Продолжението на хитот на филмското студио Marvel, Guardians of the Galaxy Vol. 2, успеа изминатиот викенд да го симне The Fate Of The Furious од врвот на американскиот бокс офис.

Филмот во режија на Џејмс Ган заработи 145 милиони долари само од прикажувањето во кино салите во С. Америка во првите три дена.

Guardians of the Galaxy Vol. 2 со тоа успеа да дојде и до 2-та позиција на најдобра викенд деби заработка за филм од 2017-та година, титула која за сега ја држи Beauty And The Beast.

Изминатиот викенд The Fate of the Furious заработи дополнителни 8 милиони долари, а The Boss Baby дополнителни 6 милиони доволни за 3-та позиција.

1. Guardians of the Galaxy Vol. 2 $145,049,000
2. The Fate of the Furious $8,528,965
3. The Boss Baby $6,175,000
4. How to Be a Latin Lover $5,250,000
5. Beauty and the Beast $4,943,000

Објавено од admin на 8 May 2017, 07:42