The Croods и Olympus Has Fallen од утре во Cineplexx

The Croods и Olympus Has Fallen од утре во Cineplexx

Новата филмска недела во Cineplexx апочнува со анимираната семејна комедија исполнета со возбудливи визуелни ефекти. Авантурата на првите пештерски луѓе говори за семејството и е продуцирана со вистинско срце, непосредност и искреност. The Croods (Крудс) е насловот на оваа приказна и се однесува на истоименото праисториско пештерско семејство кое живее во безмислосен и неопростлив свет, каде секој ден е борба за јадење и опстанок. Таткото Граг (Николас Кејџ) дома ја носи пораката за опасност и тврди дека ништо добро не може да излезе од нешто ново. Тој е постојано опседнат да го чува своето семејство на безбедно, внатре во пештерата. Наспроти неговите очекувања, ќерката Еп (Ема Стоун) поминува низ тинејџерска бунтовна фаза и копнее за забава, која ја доживува во моментот кога го сретнува Гај (Рајан Рејнолдс), кој тврди дека е крај на светот и дека мораат да стигнат до највисоката точка.

Од утре ќе започне да се прикажува и филмот Olympus Has Fallen (Падот на Олимп). Станува збор за акционен трилер во кој улогите ги толкуваат актери од холивудската А-листа: Џерард Батлер, Ешли Џад, Морган Фримен, Анџела Басет. За време на терористичкиот напад на Белата куќа, поранешниот претседателски заштитник Мајк Банинг заедно со националното обезбедување се обидуваат да го спасат Претседателот од киднаперите. Кога обезбедувањето потфрла, тие се принудени да се потпрат на Банинг и неговото искуство за да ја превземат контролата над Белата Куќа и да го спасат Претседателот.

Објавено од admin на 20 March 2013, 13:42